Connect with us

Останато

Ли Кситинг – човек чие богатство во време на корона кризата расте во просек по 37,7 милиони долари неделно

Објавено

на

Ли Кситинг веќе беше најбогатиот човек во Сингапур. Сега вредноста на неговата компанија за медицински уреди расте поради глобалната побарувачка за респиратори.

Најимотниот човек во Сингапур оваа година стана побогат за околу 1 милијарда долари месечно, бидејќи цената на акциите на неговата компанија за медицински уреди се зголемила за 50% сред пандемијата на коронавирус.

Богатството на Ли Кситинг, коосновач и претприемач на „Bio-Medical Electronics Shenzhen Mindrai“, оваа година се зголемило од 4,3 милијарди долари на 13,5 милијарди долари, според податоците на „Bloomberg”, или во просек 37,7 милиони долари заработка на секои 24 часа.

Поради тоа Ли, кој што е роден во кинеската провинција Анхуи, е најбогатиот човек во Сингапур.

Акциите на неговата компанија пораснале откако настана пандемијата коронавирус, која што за првпат се појави во централната кинеска провинција Хубеј, а потоа се прошири низ целиот свет и која зарази над 2 милиони луѓе.

„Нарачките за нашите производи во месец март нагло пораснаа“ – изјавилe oд компанијата, па додале:

„Добивме нарачки од околу 100 земји за нашите медицински уреди кои што се користат во борбата против пандемијата“.

Компанијата, чии производи вклучуваат уреди за снимање и надзор на пациентите, соопштила дека добила нарачка за околу 10.000 респиратори само за во Италија.

Од компанијата одбиле да ја објават цената на еден таков уред.

Останато

Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце – Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај

Објавено

на

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски, прогласен за еден 40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години во Југоисточна Европа

Објавено

на

Престижната меѓународна агенција „Business Elite Awards“, на специјална гала свеченост организирана во Истанбул, Турција, му го додели значајното „40 Under 40“ признание за бизнис лидер под 40 години на Филип Димитровски, извршен директор на финансиското друштво Тиго Фајнанс. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање



Популарно