Connect with us

Кредити

Лифт бизнис кредит – Нов производ на Охридска банка Сосиете Женерал наменет за мали и средни претпријатија

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал, во своето корпоративно кредитно портфолио воведува нов бизнис кредит – Лифт кредит, наменет за мали и средни претпријатија кои имаат потреба од финансирање на тековните деловни активности.

Лифт – бизнис кредитот e креиран со цел да им помогне на малите и средни претријатија да го подигнат својот бизнис на едно повиско ниво, односно преку поволна каматна стапка и атрактивна понуда без дополнителни трошоци, малите и средни претпријатија да можат да го унапредат своето работење, да набавуваат материјали и стока, да го финансираат тековно производство, или генерално да ја подобрат ликвидноста на својата компанија.

Почнувајки од денес, сите заинтересирани мали и средни претпријатија, може да аплицираат за Лифт – бизнис кредит во Охридска банка Сосиете Женерал и да го искористат промотивниот период кој ги ослободува клиентите од провизија за исплаќање на кредитот, како и од провизија за одржување.

Лифт – бизнис кредитот се карактеризира со фиксна каматна стапка од 5.5% за целиот период на исплата на кредитот, односно за период од 13 – 36 месеци, за обртни средства, индексиран во евра, за износи од 5.000 ЕУР – 50.000 ЕУР.

Со воведување на Лифт – бизнис кредитот во своето корпоративно кредитно портфолио, Охридска банка Сосиете Женерал и понатаму продолжува да делува како Банка, која е во одлични и долгорочни релации со корпоративниот сектор во земјата, посветувајќи им внимание и грижа на малите и средни претпријатија, преку понуда на атрактивен производ со кој ќе им го олесни тековното работење.

Повеќе информации за Лифт – бизнис кредитот и за останатите производи на Банката може да најдете на www.ohridskabanka.mk или во експозитурите на Банката ширум земјата.

Кредити

С-ПЛАН – ненаменски потрошувачки кредит со мешовито животно осигурување од Винер Лајф

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија со својата најнова промотивна кампања го претстави новиот ненаменски потрошувачки кредит С-ПЛАН, кој за разлика од другите слични понуди на пазарот за првпат вклучува и штедна компонента, овозможена од полисата за животно осигурување во соработка со Винер Лајф.  (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Халкбанк АД Скопје ги намали каматните стапки за релакс потрошувачкиот кредит

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје продолжува со унапредување на услугите со цел задоволување на потребите на клиентите. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЛБ Банка ја продолжи промотивната кампања за кредити за физички лица

Објавено

на

НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за сите кредити за физички лица до 30.06.2018 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange