Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

“Лимак Холдинг” започна со градежни активности – изградба на подземен булевар, и современ мултифункциoнален комплекс – “Diamond Skopje”

Објавено

на

Светски реномираната компанија со седиште во Турција “Лимак Холдинг”, денес и официјално најави дека започна со интензивни градежни активности на просторот околу Старата железничка станица во Скопје. Добиени се сите неопходни дозволи за градба, завршени се подготвителните активности на проектот, како и активностите во координација со Градот Скопје, општина Центар, и останатите државни институции.

На официјалната прес конференција пред присутните се обрати г. Сердар Баџаксиз, Потпретседател во “Лимак Инвестиции” кој изјави:”Јас сум сигурен дека Diamond Skopje ќе биде новиот центар на градот од сите аспекти, било да се работи за бизнис, за социјализација или за културни настани. Целиот комплекс се надеваме дека ќе донесе нови бизниси, инвеститори и потрошувачи од целиот свет, со што дополнително ќе ги отвориме портите на Македонија кон светот. ”

Од Лимак информираа дека е во тек изведба на подземниот булевар, како и на Лимак хотелот кој е веќе во понапредна фаза, а дека е дефинирана и динамиката за изградба на мултифункционалниот комплекс, Diamond Skopje

г. Зоран Заев, Премиер на Влада на Р. Македонија, изјави дека: Diamond Skopje од повеќе аспекти ќе го промени нашиот град на подобро. Станува збор за современ мултифункционален комплекс кој ќе обединува деловно – резиденцијални единици, хотелски комплекс и трговски центар во согласност со модерните потреби и навики на граѓаните на Скопје. Го поддржуваме поврзувањетомеѓу странските и домашните компании. За економски бенефит, за развој и за подобри услови во остварувањето на бизнисот и на едните и на другите. Потврда на нашите нови, активни и ефикасни политики и политиките на доверба што се наша водилка во соработката, е и стартот на работите на овој мега проект на една реномирана странска компанија каква што е “Лимак Холдинг.“

На конференцијата се информираше дека изградбата на подземната улица се планира да биде завршена во период од 22 месеци. Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот. Двонасочен коловоз во 4 ленти и 2 ленти за трамвај/автобус, со должина од 800 метри, кој ќе го  дислоцира булеварот Македонија под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје.

Паралелно како што ќе оди напредокот на подземната улица, ќе започне и изградбата на Diamond Skopje. Во комплексот автентично ќе се вклопи и симболот на градот – Старата железничка станица,  денес Музеј на град Скопје,  кој се планира да биде возобновен од градските власти.

Станува збор за уникатен и комплексен проект вреден 250 милиони евра, кој ќе вклучува околу 772 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, канцеларии, трговски центар, хотел, простор за слободни културни активности ресторани, кафулиња, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет за околу 2.800 автомобили. Површината на вкупниот проект ќе биде околу 325.000 квадратни метри.

Diamond Skopje ќе понуди одново заживување на делот од градот што со децении беше неуреден и запоставен, а граѓаните на Скопје дел од градот на кој можат да бидат горди.

Повеќе

Останато

Раст на просечната плата во Македонија

Објавено

на

Просечната плата исплатена во март годинава во однос на март 2018 година е повисока за 3,8 проценти и изнесува 24.590 денари. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Хари Костов и Комерцијална банка влегуваат во РК Вардар?

Објавено

на

Првиот човек на Комерцијална банка, г-дин Хари Костов најверојатно наскоро ќе биде обелоденет како прв човек и на РК Вардар. (more…)

Продолжи со читање

Останато

7% од кредитоспособните лица, лани зеле брз кредит

Објавено

на

Граѓаните се заинтересирани за услугите на финансиските друштва, познати како брзи кредити. Земаат просечно меѓу 200 и 400 евра кредит, а во минатата година седум отсто од кредитоспособното население во земјава било опслужено од овие финансиски друштва. Од година во година секторот расте, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange