Анализи
ЛИДЛ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА!


Германскиот трговски синџир “Lidl” регистрира компанија во нашата земја, а ќе биде управувана од нивната филијала од Бугарија.
Според “Фактор“, оваа компанија за малопродажба во петокот ја регистрирала подружницата Лидл Cеверна Македонија Дооел со седиште во Центар, со паричен влог од 500.000 евра.
Сопственик е германската матична компанија “ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм”.
Сепак, субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев.
Според описот на нивните надлежности и ограничувања, “Lidl” планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.
Минатата година се пишуваше за интересот на “Lidl” да стартува со една продавница во Македонија, односно со објект кој сам ќе го гради, но истата информација остана непотврдена.
Анализи
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?


Со цел утврдување на статусот на жената во општеството, Банкарство спроведе истражување на тема ,,Жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија”. Истражувањето ја опфаќа процентуалната застапеност на жените во Управните одбори на банките во Македонија, па за таа цел беа анализирани сите банки. (more…)
Анализи
Објавен Макроекономскиот монитор на Фајнанс тинк за четвртиот квартал минатата година


Во четвртиот квартал од 2020 година, БДП се намали за -0,7 проценти, што е во линија со иницијалната проекција од „Finance Think” од -0,8%. Во овој квартал, продолжи растот на јавната потрошувачка (6,6%) како резултат на државната помош за намалување на социо-економските последици од корона-кризата, но со помал интензитет од претходно, се порачува во Макроекономскиот монитор Q4 2020 што го објави „Finance Think”. (more…)
Анализи
Извештај за истражувањето на Финтек секторот во Северна Македонија


Во текот на септември 2020 година, со финансиска и техничка подршка од Европскиот фонд за техничка подршка за Југо-Источна Европа, се спроведе истражување за Финтек секторот во Северна Македонија. Истражувањето се спроведе под покровителство и координација од страна на Народната Банка на Северна Македонија во соработка со консултантска куќа од Англија за Финтек Вендави. (more…)
- Анализипред 2 months
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Банкипред 2 weeks
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 4 hours
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје