Connect with us

Домашни банки

Лидерот во e-банкарството – Халкбанк воведе нов производ, Онлајн кредит

Објавено

на

Онлајн кредит е новиот производ на Халкбанк АД Скопје кој е достапен за сите приматели на плата во Банката кои лесно, брзо и едноставно, без потреба од посета на филијала, можат да дојдат до потребните средства. Со новиот производ Банката, која е лидер во воведување нови услуги базирани на новите технологии, станува и единствена банка во земјава која нуди онлајн депозит и онлајн кредит за своите клиенти.

Максималниот износ за кој можат да аплицираат клиентите е до 300.000 денари, рокот на отплата е до 60 месеци, а каматната стапка е 5,5% фиксна за целиот период на отплата на кредитот. Услов е кредитобарателот да е примател на плата во последните 3 месеци на трансакциска сметка во Халкбанка АД Скопје и да е корисник на електронското банкарство на Халкбанк.

Постапката за отворање на онлајн кредитот е куса и трае не повеќе од три минути, безбедна е бидејќи е со двојна авторизација, а префрлувањето на средствата на сметката на барателот е во рок од 5 минути.

„Дигиталната револуција во сите сегменти на денешното секојдневие придонесе интензивно да се инкорпорираат потребите од истото и во банкарскиот сектор. Иновативноста во процесите и услугите е една од најсилните карактеристики на нашата банка која е промотор на технолошки промени во банкарскиот сектор уште од влегувањето на македонскиот пазар. Халкбанк е пионер во имплементацијата на е-трговијата како услуга, прва банка која создаде производ онлајн депозит, со кој овозможи брзо и едноставно од компјутер или мобилен телефон отворање штеден влог, а сега нуди и онлајн кредит. На овој начин им излегуваме во пресрет на клиентите преку намалување на нивниот ангажман при подигнување на кредит, но и овозможување на поголема достапност на услугите на банката и во местата каде што банката нема филијала“, велат од Халкбанк.

Кредитот е без трошоци за аплицирање, за обработка или за негова предвремена отплата.

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 24 мај 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 24 мај (среда) 2023 година заради празнување на Св. Кирил и Методиј. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Силните резултати на ПроКредит Групацијата во Q1 ги нагласуваат среднорочните позитивни перспективи

Објавено

на

  • Резултатот од 29,5 милиони ЕУР соодветствува на солиден Поврат на капитал (RoE) од 13,3% и, според тоа, е во согласност со среднорочните насоки на групацијата;
  • Добриот развој на нето каматната маржа до 3,4% и умерениот трошок на ризикот од 12 основни поени се клучни фактори за резултатите;
  • ПроКредит Банка Украина има умерен придонес кон резултатот на групацијата, демонстрирајќи ја својата структурна сила без оглед на проблематичното опкружување; ПК без Украина е на добро ниво од 11,6%;
  • Kоефициентот на трошочна ефикасност, усогласен за непериодичните ефекти е на ниво од 57,0% и, според тоа, 2,5 процентни поени под нивото од претходната година;
  • Растот на депозитите изнесува 0,6%; кредитното портфолио бележи мал пад од 0,8%, со дополнителни подобрувања на квалитетот на портфолиото;
  • Континуиран фокус на зелени кредити; тековниот удел од 20,2% во вкупното кредитно портфолио е зацртано да расте до 25% среднорочно;
  • Коефициентот на редовен основен капитал на ниво 1 (CET1) изнесува 14,1%; значајното зголемување од 0,7 пп во Q1 е поттикнато од натамошниот раст на ефикасноста на активата пондерирана според ризикот (RWA)

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Како најдобро да се подготвите за патување?

Објавено

на

Подготовката за патување може да биде возбудлива, но и прилично напорна активност. За да се обезбеди непречено и пријатно патување, од клучно значење е сè да се испланира и подготви однапред. Од истражување на дестинацијата и пакување, до обезбедување патни документи и организација, пожелно е што подобро да се подготвите за вашата претстојна авантура. (more…)

Продолжи со читање

Популарно