Connect with us

Останато

Либор повеќе нема да се користи, банките мора да најдат алтернатива!

Објавено

на

На крајот на оваа година, официјално излегува од употреба пресметката на меѓубанкарската каматна стапка „Libor” за повеќето валути, објави во петокот британскиот финансиски регулатор „FCA“.

Според аналитичарите, со оглед на тоа што „Libor” (беше) една од најважните каматни стапки во светот, овој потег ќе го зголеми притисокот врз банките и инвестициските фондови да најдат алтернатива на оваа мерка што е можно поскоро.

Според „The financial Times“, „FCA” најави дека објавувањето на вредноста на каматна стапка „Libor” за британската фунта, еврото, швајцарскиот франк и јапонскиот јен ќе престане на крајот на тековнава година, поточно на 31-ви декември. Затоа, од почетокот на јануари 2022 година, банките повеќе нема да мора да испраќаат податоци за пресметка на „Libor”. На крајот на годината ќе престане пресметката на неделниот и двомесечниот курс на „Libor” за американскиот долар, додаде британскиот финансиски регулатор.

Да потсетиме, глобалните регулатори побараа од банките, компаниите за управување со средства и претпријатијата постепено да престанат да ја користат оваа стапка, што ги покажува трошоците за позајмување меѓу банките.

Наместо „Libor”, регулаторите препорачуваат употреба на мерки засновани врз стапки на депозити преку ноќ. Сепак, дел од финансиската заедница предупредува дека оваа промена отвора проблеми за некои должници и доверители и побара дополнително време за прилагодување.

„Веќе некое време го чекавме ова официјално соопштение, но не треба да се потценува значењето на оваа вест. Ова е крај на играта надвор од пазарот на долар“, изјави Клод Браун, партнер во лондонската адвокатска фирма „Reed Smith”.

Регулаторите тврдат дека „Libor” го одразува пазарот што повеќе не постои и дека дневните стапки се базираат најмногу на проценки, а не на реални трансакции. Сепак, британскиот финансиски регулатор „FCA” потврди дека банките ќе треба да се повлечат од пазарот на договори поврзани со „Libor” во износ од 200 милијарди долари до јуни 2023 година.

Имено, има повеќе обврзници и кредити поврзани со доларот „Libor” отколку со која било друга валута. Да потсетиме, во 2012 година беше откриен скандал дека бројни банки ја прилагодиле вредноста на „Libor” со цел да заработат пари или да спречат нестабилност на пазарот. Манипулациите траеја до 1991 година.

Како резултат на тоа, бројни банки беа казнети со стотици милиони долари, а некои банкари дури завршија во затвор. „FCA” тогаш се погрижи за пресметката на „Libor”.

Криптовалути

ММФ бара укинување на биткоинот како законско средство за плаќање во Ел Салвадор

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го повика ЕЛ Салвадор да ја поништи одлуката биткоинот да стане легално сретство за плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во среда (26 јануари) започнува исплатата на јануарските пензии

Објавено

на

Владата на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно