Connect with us

Кредити

Летна кредитна понуда за сечиј вкус од Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје на своите клиенти им нуди широк избор на кредитни производи со летна промотивна понуда. Одберете го производот кој ви одговара на потребите и поднесете барање телефонски преку Ало кредит на (02)15110, преку интернет на alokredit.mk или во една од филијалите на Банката.
ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ДО 25.000 евра БЕЗ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

За апликации примени од 09.07.2020 важат следните услови:

  • 5,50% гарантирана каматна стапка за првите 2 години, за кредити со животно осигурување или со осигурување од незгода како и
  • БЕЗ административни трошоци

СТАНБЕН КРЕДИТ

За апликации примени во периодот од 01.07.2020 до 31.07.2020 важат следните услови:

  • БЕЗ административни трошоци
  • БЕЗ трошоци за процена
  •  БЕЗ нотарски трошоци за воспоставување на заложно право како и упис на заложното право во Агенцијата за Катастар на недвижности (за нови пласмани)
  • Избор на гарантирана каматна стапка во период од првите 5 или првите 10 години.

КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ

Master Card

  • 4,9% каматна стапка со важност до крајот на 2020 година, за сите нови MasterCard Standard кредитни картички примени до 30.09.2020 година;

VISA Gold

  • 5,5% Каматна стапка со важност до крајот на 2020 година, за сите нови VISA Gold кредитни картички одобрени до 31.12.2020 година.

ПОТРОШУВАЧКИ ОБЕЗБЕДЕН КРЕДИТ

За апликации примени до 31.07.2020 година важат следните услови:

  • БЕЗ административни трошоци
  • БЕЗ трошоци за процена
  • БЕЗ нотарски трошоци за кредити со нова изложеност во СБ во износ над 10.000 ЕУР
  • За обезбедени кредити пакетирани со животно осигурување намалени фиксни каматни стапки за -0,2 п.п за кредити обезбедени со недвижен имот и -0,1 п.п. за кредити со залог на депозит.

Подетални информации за секој од производите како и информативен калкулатор за пресметка на месечната рата се достапни на интернет страницата на Стопанска банка АД – Скопје и на бесплатната мобилна апликација.

Кредити

Четвртиот пакет на економски мерки носи нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка

Објавено

на

Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна потрошувачка да предизвика раст на БДП во четвртиот квартал и на тој начин да создаде предуслови за растот на економијата од 4,8 проценти во 2021 година што неодамна го најави министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Нов потрошувачки кредит од Халкбанк со грејс период од 6 месеци за дополнително олеснување на финансиската состојба на клиентите

Објавено

на

Потрошувачки кредит со грејс период од 6 месеци и со каматна стапка од само 5% фиксна за првите 2 години е новиот производ на
Халкбанк АД Скопје со кој банката излегува пресрет на сите оние кои имаат потреба од дополнителни средства во ова тешко време зафатено од пандемијата со ковид-19, а истовремено сакаат да почувствуваат релаксираност во отплатата придружена со 6 месеци грејс период.

Новиот потрошувачки кредит за физички лица е со каматна стапка од само 5% фиксна за првите две години, односно 5,5% променлива каматна стапка за останатиот период; со рок на отплата до 120 месеци; максимален износ до 1.500.000,00 МКД и истиот е без провизија за обработка. Единствените трошоци за кредитот се 150 денари за апликација за кредит и надомест во висина од 350 денари за добивање податоци од Кредитното биро кои се наплаќаат доколку кредитот е одобрен.

Како обезбедување кон овој кредит вклучени се осигурителните полиси од Халк Осигурување АД, полиса од незгода која изнесува 600 денари на годишно ниво или Пакет полиса за осигурување, во зависност од износот на кредитот. Висината на трошокот на пакетот полиса за осигурување е во зависност од тарифата на Халк Осигурување АД Скопје и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата се плаќа секоја година во времетраење на кредитот, а ги содржи следните ризици:

– Неможност за враќање на кредит – смрт од која било причина, смрт од незгода, и
– Осигурување од незгода – траен инвалидитет над 30%.

Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк е ненаменски и може да се користи за најразлични потреби, како и за рефинансирање на постоечки кредитни изложености во други банки. Сите заинтересирани можат да аплицираат за овој тип потрошувачки кредит најдоцна до 30.11.2020 година.

Продолжи со читање

Кредити

Станбен кредит од Стопанска банка а.д. Битола со фиксна каматна стапка за првите 10 години

Објавено

на

Следејќи ги потребите и барањата на своите клиенти, банката креираше понуда за нов поволен станбен кредит со фиксна каматна стапка за првите 10 години, почнувајќи од 2,9% годишно. (more…)

Продолжи со читање

Популарно