Connect with us

Странски банки

Лагард: Отпишување на долговите на членките на еврозоната е незамисливо!

Објавено

на

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, категорично ги отфрли повиците за отпишување на долговите што членките на еврозоната ги правеа за време на корона кризата.

ЕЦБ презема мерки без преседан за да го ублажи негативното економското влијание од пандемијата предизвикана од Ковид-19 врз Еврозоната, лансирајќи масовна шема за откуп на обврзници што досега изнесуваше 1,85 трилиони евра, објави „The Guardian“.

„Простувањето на тие долгови е незамисливо“, изјави Лагард за францускиот неделник „Journal du Dimanche“.

„Тоа би претставувало кршење на европскиот договор, кој строго го забранува монетарното финансирање на државите“, додаде Лагард, нарекувајќи го еден од основните столбови на единствената европска валута – еврото.

Лагард одговори на повикот на повеќе од 100 економисти кои испратија барања до ЕЦБ за отпишување на долговите со цел дополнително да се зајакне економското закрепнување на членките на еврозоната.

Сепак, Лагард изјави дека сите земји-членки на еврозоната ќе излезат од оваа криза со високо ниво на долг, притоа отфрлајќи ги барањата на економистите.

Останато

Домаќинствата во земјите од еврозоната продолжуваат да го зголемуваат задолжувањето во банките!

Објавено

на

Домаќинствата во еврозоната продолжија брзо да позајмуваат од банките минатиот месец, привлечени од ниските каматни стапки и економското закрепнување од пандемискиот пад, покажаа во вторникот податоците на Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Џенет Јелен: Банките да мобилизираат капитал за борба против климатските промени

Објавено

на

Американската министерка за финансии Џенет Јелен им порача на лидерите на Светска банка и другите развојни банки да смислат конкретни планови за мобилизирање на значително поголем капитал за борба против климатските промени и намалување на емисиите на стакленички гасови. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарскиот банкарски гигант UBS им овозможува на вработените хибриден начин на работа

Објавено

на

Швајцарскиот банкарски гигант „UBS” одлучи да дозволи дури две третини од своите вработени трајно да работат на хибридниот ангажман. (more…)

Продолжи со читање


Популарно