Странски банки
Лагард: Опоравувањето од пандемијата може да се одложи


Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард се надева дека 2021 година ќе продолжи да биде година на економско закрепнување од пандемијата, и покрај сериозните блокади и загриженоста за појавата на нови мутации на коронавирусот.
„Се надеваме дека 2021 година е сè уште година на закрепнување, но во две фази. Првата фаза е очигледно онаа што ќе продолжи да биде оптоварена со многу високо ниво на несигурност“, рече Лагард на панелот на 51. Светски економски форум во Давос, кој се одржува за прв пат во виртуелен формат од 25-29 јануари поради глобалната здравствена криза.
Еврозоната се соочува со зголемување на бројот на случаи со коронавирусот, усогласување со ограничувачките мерки и бавно воведување на вакцинација, што му нанесува дополнителна економска штета на регионот, за кој се проценува дека минатата година доживеа пад за повеќе од 7 проценти.
Според Лагард, сегашното економско опкружување „допрва треба да го помине мостот што доведе до закрепнување и се чини дека преминувањето на тој мост ќе се одложи малку, но тој не треба да излезе од шините“, пренесува „CNBC”.
Најновите економски податоци на Европската централна банка сугерираат економски пад во последниот квартал на 2020 година, што, според Лагард, „ќе има влијание и во првиот квартал на 2021 година“.
Европската централна банка процени во декември дека бруто домашниот производ на еврозоната ќе изнесува 3,9 проценти во 2021 година, и 2,1 проценти следната година, но тие предвидувања во голема мера зависат од развојот на пандемијата и брзината на вакцинирањето врз граѓаните.
Дури и кога ЕУ и регионот ќе достигне точка каде економиите-членки на Европската Унија ќе можат целосно да ги укинат ограничувачките мерки, ќе има дополнителни предизвици за да се обезбеди солиден економски раст.
„Економијата за која зборуваме повеќе не е иста“, додаде директорката на ЕЦБ, Кристин Лагард.
Минатата недела ЕЦБ одлучи да го задржи на исто ниво својот огромен пакет парични стимулативни мерки. Нејзината програма за купување итни обврзници за пандемија, која може да трае до март 2022 година, изнесува дури 1,85 трилиони евра и има за цел да обезбеди поддршка на владите во еврозоната со поевтини трошоци за позајмица.
Каматните стапки на Европската централна банка, исто така, останаа на историски најниско ниво како дополнително би се стимулирало кредитирањето во регионот.
Странски банки
ИКЕА го разгранува бизнисот во потрошувачко банкарство!?


Сопственикот на продавниците на ИКЕА, „Ingka Group”, во четвртокот изјави дека се согласил да купи 49% од акциите на партнерот за финансиски услуги „Ikano Bank”, како дел од притисок за зголемување на понудите на услуги што ги нуди компанијата. (more…)
Странски банки
2020 година за сите банки беше крајно непогодна, но не и за Дојче Банка – Банката за прв пат по 2014 година оствари нето добивка


Во 2020 година, „Deutsche Bank” се врати на патот на профитaбилноста за прв пат од 2014 година, благодарение на силниот оддел за инвестициско банкарство, објави германскиот банкарски гигант во својот редовен годишен финансиски извештај. (more…)
Странски банки
Профитите на банките во Црна Гора се преполовија за една година


Комерцијалните банки во Црна Гора, според прелиминарните деловни резултати, оствариле профит од 22,7 милиони евра на крајот на минатата 2020 година. Тоа претставува повеќе од двојно намалување на профитот кои тие го остварија на крајот на 2019 година, кога прикажаа добивка од 48,6 милиони евра. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 4 weeks
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Анализипред 1 month
Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Охридска банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје