Connect with us

Странски банки

Лагард: Каматните стапки ќе се зголемат, бидејќи тоа е главна алатка за ограничување на инфлацијата

Објавено

на

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, најави дека каматните стапки најверојатно ќе се зголемат за 50 базични поени со цел дополнително да се ограничи инфлацијата.

Кристин Лагард, во интервју за шпанската медиумска групација “Vosento”, објасни дека тоа е одлука на ЕЦБ, која беше навестена на последниот состанок посветен на монетарната политика, каде што сите бројки кои влегоа во анализата – потврдија дека зголемувањето на каматните стапки е многу веројатна.

„Вкупната стапка на инфлација се намали во последните месеци и ќе продолжи да се намалува во претстојните неколку месеци. Базичната инфлација, која ги исклучува енергијата и храната во еврозоната е превисока. Мора да продолжиме да ги преземаме неопходните мерки за да ја вратиме инфлацијата на два проценти и тоа го правиме” – изјави Лагард.

„Сакаме да ја скротиме инфлацијата“, додаде таа.

Таа потсети и дека многу економски експерти не исклучуваат зголемување на каматните стапки во 2024 година и над четири отсто, но укажува дека се работи на сузбивање на инфлацијата – дека има напредок во таа работа, но дека има уште многу работа што мора да се направи.

„Главна грижа ми е инфлацијата. Не сакаме да ја уриваме економијата, тоа не е нашата цел, туку сакаме да ја скротиме инфлацијата. Зголемувањето на каматните стапки е нашата главна алатка за да го постигнеме тоа бидејќи ја намалува побарувачката и ги намалува инфлаторните притисоци. Економијата во моментов е отпорна, вработеноста е висока, а невработеноста е на најниско ниво досега”, посочи Кристин Лагард.

Таа потврди и дека поради инфлацијата страдаат граѓаните, особено најранливите, како и оние кои се најекспонирани, како пензионерите со ниски примања.

„Во ЕЦБ сметаме дека владината поддршка треба да биде насочена кон тие ранливи категории, но привремено, на одреден период. Кога ситуацијата ќе се подобри, кога цените на енергенсите ќе се намалат и кога цените на храната ќе се стабилизираат, тогаш владите треба да ја откажат поддршката, бидејќи вака граѓаните се охрабруваат да штедат енергија наместо да ја користат како ништо да не чини”, рече Лагард.

Странски банки

Европската централна банка ги зголемува референтните каматни стапки за 25 базични поени

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ги зголеми клучните каматни стапки за 25 базични поени поради високите инфлациски притисоци. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ подготвува ново зголемување на каматните стапки

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ќе ја зголеми референтната каматна стапка како дел од борбата против инфлацијата, на следниот состанок на Советот на гувернери. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Презентација на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан

Објавено

на

Светска банка денеска ќе одржи презентација на 23-то издание од серијата извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, насловено „Тестирање на отпорноста“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно