Connect with us

Останато

Лагард: Да се регулира тргувањето со биткоинот поради перење пари

Објавено

на

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, повика на глобално регулирање на трговијата со биткоин, наведувајќи дека оваа дигитална валута во некои случаи се користи за активности за перење пари и дека е потребно да се затворат сите „дупки“ во регулативата, пренесува „Reuters“.

Биткоинот излезе од својот мал „лажен пазар“ во последниве години и сега го купуваат обични луѓе, инвестициски фондови, па дури и големи корпорации. Некои дури земаат заеми за да го зголемат купувањето на таа криптовалута, чијашто вредност се зголеми десеткратно од минатиот март.

Сепак, неговата главно анонимна природа предизвика загриженост дека може да се користи за перење пари и други нелегални активности.

„Биткоинот е високо шпекулативно средство што се користи за некои чудни деловни активности и за некои интересни и целосно неприфатливи активности за перење пари“, рече Лагард на конференцијата „Reuters next“.

Таа не наведе конкретни случаи во кои таа дигитална валута е користена за перење пари, но рече дека има информации дека се води кривична истрага против тие незаконски активности. Таа не даде повеќе детали за тоа.

Со својот апел шефицата на ЕЦБ им се придружи на бројните регулатори од целиот свет во повиците за примена на глобалните правила и криптовалутите.

„Мора да има регулатива. Таа мора да се применува и да се договара на глобално ниво, и ако некој го избегнува тоа, тоа бегство ќе биде злоупотребено“, рече Лагард.

Криптовалути

Милијардерите ПРОТИВ биткоинот – по Бил Гејтс и Чарли Мунгер ја нападна напознатата криптовалута: “Не знам што е полудо, биткоин или Тесла”

Објавено

на

Легендарниот инвеститор Чарли Мунгер, долгогодишен деловен партнер и соработник на Ворен Бафет, деновиве гласно размислуваше за акциите на „Tesla” и за најпознатата криптовалута биткоинот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Организирана една од најголемите обуки за Спречување перење пари и финансирање тероризам

Објавено

на

На 03.03.2021 година Едулактика ја организираше една од најголемите обуки за СППФТ. На обуката присуствуваа повеќе од 50 учесници од банки и штедилници во Република Северна Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Сите мостови од евро банкнотите се наоѓаат во градот Ротердам

Објавено

на

Во моментите кога се креираше еврото како монетарна валута за територијата на Европа, Европската банка го ангажирна австријанецот Роберт Калин да ги дизајнира евро банкнотите, но под услов сите мотиви да бидат измислени. (more…)

Продолжи со читање



Популарно