Connect with us

Домашни банки

КХВ и даде одобрение на Шпаркасе Банка да ја издаде дваесеттата емисија на долгорочни хартии од вредност

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 113-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити донесе Решение со кое на “Шпаркасе Банка Македонија” АД Скопје и се дава одобрение да ја издаде дваесеттата емисија на долгорочни хартии од вредност. Со дваесеттата емисија на акции, “Шпаркасе Банка Македонија” АД Скопје ќе издаде 1.054.681 обични акции со право на глас, со номинална вредност од 2.670 денари по акција, а во вкупен номинален износ од 2.815.998.270 денари.

Дваесеттата емисија на “Шпаркасе Банка Македонија” АД Скопје се врши врз основа на Одлука за зголемување на основната главнина со емисија на обични акции со право на глас заради спроведување на статусна постапка – присоединување на Охридска Банка АД Скопје кон “Шпаркасе Банка Македонија” АД Скопје.

Распределбата на акциите од оваа емисија ќе се изврши согласно одредбите на Спогодбата за присоединување, а врз основа на Решение за дозвола за статусна промена издадена од Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија.

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје: Во тек е исплатата на септемвриските пензии

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани пензионери дека во тек е исплатата на септемвриските пензии. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ја именуваше Гордана Ѓорѓиева за член на Одборот за ревизија

Објавено

на

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, Комерцијална банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза известува за следната ценовно чувствителна информација. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Откријте ги предностите на онлајн услугите на Халкбанк: Онлајн кредит и Онлајн депозит

Објавено

на

Брзиот технолошки развој во последниве децении доведе до вистинска дигитална револуција во сите сегменти на секојдневието. Општо е прифатено дека дигиталните услуги се голема предност во современото општество, во кое клучни станаа брзината и ефикасноста на завршувањето на работите. Од вакви промени не е изземено ниту банкарството. Дигиталната револуција придонесе интензивно да се инкорпорираат придобивките од истото и во банкарскиот сектор така што денес, во современото банкарство, интернетот и мобилното банкарство сè повеќе стануваат примарен канал на комуникација. (more…)

Продолжи со читање

Популарно