Connect with us

Домашни банки

КХВ даде зелено светло, во следните денови Охридска станува дел од Шпаркасе Банка

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 43-тата седница со која претседаваше донесе Решение со кое понудата за преземање на “Охридска банка” АД Скопје што ја даде Штаермеркише Банк унд Шпаркасен АГ Грац, Австрија (Steiermärkische Bank und Sparkassen AG), се утврди за успешна.

Понудата за преземање била прифатена од 143 акционери кои поседуваат 472.839 обични акции со право на глас што претставува 91,5733% од вкупниот број на издадени обични акции во Охридска банка АД Скопје.

Преземањето на хартиите од вредност се врши по цена од 6.298,79 денари по акција. Понудата за преземање се однесуваше на 516.350 обични акции со право на глас, издадени од Охридска банка АД Скопје, а најмалата количина на хартии од вредност која требаше да се прифати за понудата да се смета за успешна беше 384.844 обични акции, која е надмината.

Штаермеркише Банк унд Шпаркасен АГ Грац плати вкупно 2,98 милијарди денари (48,4 милиони евра) за 472.839 акции на Охридска банка АД Скопје.

Домашни банки

Признание од „Global Finance“ за Комерцијална банка за извонредно кризно лидерство

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје се стекна со признание за Distinguished Crisis Leadership in 2020 (Истакнато кризно лидерство во 2020 година) од страна на угледниот магазин „Global Finance“. Признанието е резултат на максималните напори што ги вложи Банката во услови на пандемија за да ги задоволи потребите и да им помогне на своите клиенти, да ги заштити своите вработени и да обезбеди поддршка на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

Објавено

на

На 28 октомври 2020 година ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во Дебар Маало во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

МБА: Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно