Connect with us

Останато

КХВ ги додели наградите за најдобар научно истражувачки труд и есеј

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ) ги врачи наградите за најдобар научно истражувачки труд и есеј за Конкурсот на тема “Влијанието и придобивките на приклучување кон евроатлантските организации врз работењето на пазарите на хартии од вредност“.

Силвија Јакимовска и Габриела Петровска се коавтори на најдобриот научно истражувачки труд и согласно објавените правила на Конкурсот, КХВ им додели парична награда во вредност од  30.000,00 денари, која им се  распределува рамномерно, a Марио Ѓорѓиев е автор на наградениот есеј и се стекна со право да учествува  на една обука по избор на добитникот – обука за инвестициони советници или обука за работа со хартии од вредност (во вредност до 25.000 денари).

Младите автори во своите трудови заклучуваат дека не постои друга поповолна алтернатива за развојните перспективи надвор од евроатлантскиот интеграциски процес. Според нив, потребно е формирање на платформа која би ја зголемила интеграцијата и функционирањето на берзите, меѓутоа неопходно е да се поттикне и развојот на примарниот пазар на капитал. Во рамки на презентацијата на трудовите беше потенцирано дека инвестирањето во знаењето е клучен фактор за развојот, поконкретно едуцирањето на управувачката структура на деловните субјекти и целокупното население за придобивките кои ги нудат единствено пазарите на хартии од вредност.

Ова е прв Конкурс за најдобар научно истражувачки труд/есеј  на тема од областа на пазарот на хартии од вредност, што воопшто го распишала Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.

Останато

Студентите и младите инженери ќе го подобруваат образованието

Објавено

на

Бордот на Европски студенти на технологија (БЕСТ) Скопје и Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија потпишаа Меморандум за соработка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во Русија има се повеќе милијардери

Објавено

на

Во Русија во 2018 година бројот на милијардери е зголемен за пет од лани и сега има 74 според годишниот извештај на банката Кредит Суис. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Комисијата за хартии од вредност во работна посета на Комисијата за хартии од вредност на Словенија

Објавено

на

Претставници на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија заедно со Комисионерката Лиле Делиџакова на 11 октомври, 2018 година беа во работна посета на Агенцијата за пазар на хартии од вредност на  Република Словенија во Љубљана.

Директорот на Агенцијата за пазар на хартии од вредност Г-дин Милош Час  имаше воведно обраќање во кое ги отслика пазарните движења и состојби во Словенија и изрази подготвеност со сите ресурси да и помогне и да ја поддржи  Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија при нејзиниот информатичко-технолошки  развој и унапредување на капацитетите.

Потоа, беа реализирани неколку работни сесии со Стручните лица кои го изработиле нивниот Информатички систем за известување и обработка на податоци, преку кој овластените учесници на пазарот ги доставуваат своите финансиски и нефинансиски известувања, кои потоа на соодветен начин и во специфичен формат се обработуваат за потребите на регулаторот.

Овој  систем  содржи компонента за размена на информации и податоци поврзани со трговски трансакции кои се случуваат на пазарите на капитал на сите држави членки на ЕСМА.

Ваквата работна посета која  претставува уште еден  чекор за зајакнување на односите меѓу двете институции  беше договорена уште при првата средба на Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија М-р Нора Алити  со нејзинот словенечки колега  Г-дин Милош Час која што  се реализираше  на 27 јуни, 2018 година во Љубљана.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange