Депозити
„КУСУР штедење“ од ТТК Банка – Штедење што расте со секое купување!


„Кусур штедење“ претставува интересен модел за континуирано штедење во „движење“ со издвојување определен износ од секое купување со Visa дебитнaта картичкa на ТТК Банка АД Скопје.
За кого е наменет производот?
Овој штеден производ е наменет за сите иматели на Visa дебитна картичка и за корисниците на мобилното банкарство на ТТК Банка АД Скопје преку апликацијата TTK M-bank. Истиот е особено корисен за оние кои нeмаат навика да издвојат месечен износ за штедење, а истовремено им ја олеснува и зголемува заштедата и на оние кои редовно штедат.
Како се активира?
Овој производ се активира и параметизира преку апликацијата за мобилно банкарство на ТТК Банка АД Скопје – TTK M-bank. Преку можностите кои ги нуди мобилната апликација корисниците можат во кое било време да го деактивираат производот или пак повторно да го активираат со променети услови.
Какви можности за штедење нуди?
Во согласност со желбите и можностите корисникот самостојно избира опција да издвојува определен фиксен износ или процентуален износ од направената трансакција, што има намера да го штеди. По активирањето на услугата, користејќи ја Visa дебитната картичка на ТТК Банка АД Скопје, со секое купување преку „Кусур штедење“ ја зголемува својата заштеда.
Дали има трошоци?
Производот е бесплатен, достапен за постојни и нови корисници на Visa дебитните картички на ТТК Банка АД Скопје. За користењето на мобилното банкарство на ТТК Банка АД Скопје не се наплатува надоместок.
Што се случува со заштедените средства?
Средствата што се штедат преку производот „Кусур штедење“ се пренесуваат на отворен штеден влог, за кој минималниот влог изнесува 1.000 денари, а важат актуелните каматни стапки за штедење по видување. Средствата се на располагање на корисникот во кое било време.
Депозити
ПРОМО ФИКС – промотивни депозити на ТТК Банка во денари и во евра


ТТК Банка АД Скопје ја продолжи промотивната понуда на ПРОМО ФИКС депозитите за физички лица со атрактивна ФИКСНА каматна стапка за штедење во денари на 15 и 25 месеци, и евра на 15, 25 и 36 месеци, во промотивен период до 15.1.2021 година. (more…)
Депозити
Фиксна каматна стапка до 1,2% – нов скалест депозит од Стопанска банка а.д. Битола


Стопанска банка а.д. Битола креираше нов депозитен производ, во моментот еден од најповолните депозити на пазарот, со кој на своите клиенти им нуди најконкурентна каматна стапка. (more…)
- Домашни банкипред 2 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 1 month
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 1 month
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Анализипред 2 months
Кои се најплатените професии во земјава?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје