Connect with us

Останато

Купувај онлајн безбедно – Кампања за подигнување на свеста за измами при купопродажба на интернет

Објавено

на

Република Северна Македонија е една 16-те земји учеснички во годишната кампања, насловена како #SellSafe (продавај безбедно) и #BuySafePaySafe, чија цел е подигање на свесноста за измами при купопродажба на интернет.

Кампањата претставува заедничко јавно-приватно партнерство на органите надлежни за спроведување на законот, трговските субјекти и финансискиот сектор, за справување со организирани криминални групи кои вршат лажни купувања на интернет, притоа предизвикувајќи значителни финансиски загуби.

Имено, Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, во соработка со Европол и „Стопанска Банка“ АД Скопје, се вклучени во оваа кампања, во која органите за спроведување на законот од Австрија, Колумбија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Малта, Северна Македонија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Соединетите Американски Држави се здружија со Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол и Советот заштита на трговците од ризик (Merchant Risk Council) за да споделат практичен совет како да се надмудрат криминалците кои се обидуваат да го злоупотребат купувањето преку интернет.

Овогодишната кампања особено се фокусира на е-трговците, помагајќи им подобро да откријат измама на нивните платформи и оспособувајќи ги да преземат чекори за заштита на својот бизнис и на клиентите од вакви напади.

Kампањата е под покровителство на Акцијата за е-трговија за 2020 година (eComm 2020), а е предводена од Европол и австриската Служба за криминалистчко разузнавање (Bundeskriminalamt).

Останато

„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Објавено

на

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно