Connect with us

Останато

Куба го укинува данокот на долари за да го сузбие црниот пазар

Објавено

на

Куба има намера да го укине данокот на официјалниот курс на доларот од 10 проценти, со цел да ги ублажи последиците од пандемијата на коронавирусот и да ја надомести загубата на приходот од туризмот.

Данокот беше воведен во 2004 година и поттикнува создавање паралелен црн пазар на американската валута.

Кубанската влада сега има намера да го укине тој данок со цел да привлече повеќе различни девизи во земјата. Владата признава дека оваа одлука е забрзана поради пандемијата на коронавирусот и загубата на приходите од туризмот, но потенцира дека не планира да ја „доларизира“ земјата.

Од денес, 72 од вкупно 4.800 продавници под државна контрола ќе започнат да прифаќаат и плаќања во долари за храна и средства за хигиена, иако тоа нема да биде во готовина, туку исклучиво со платежни картички поврзани со сметки во долари.

Минатата година, владата веќе одобри плаќање во долари за апарати за домаќинство и автомобили во одредени продавници со цел да се сузбие црниот пазар на долари.

Останато

Норвешка формула за успех на која секој може да и завиди

Објавено

на

Дали норвешкиот државен нафтен фонд е формула за успех во светот на бизнисот и водењето на земјата и дали овој модел е применлив и во други земји? (more…)

Продолжи со читање

Останато

Започнува Самитот „Македонија 2025“

Објавено

на

Премиерот Зоран Заев со почеток во 15:25 часот ќе учествува на отворањето на Самитот „Македонија 2025“, кој ќе се пренесува во живо на Националниот телевизиски сервис. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Петто годишно истражување за бизнис опкружувањето – Бидете дел од најголемата проценка на бизнис средината

Објавено

на

Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, петта година по ред ќе го спроведе анкетното истражување за бизнис опкружувањето во Северна Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно