Connect with us

Анализи

Кругман: Очекувам инспиративна дискусија на СЕФФ

Објавено

на

Нобеловецот, професор и истакнат американски економист Пол Кругман, кој в понеделник ќе има обраќање на конференцијата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“ на Скопје економски финансиски форум, очекува инспиративна дискусија на актуелни економски теми. На учесниците на форумот и на економската јавност во нашата земја Кругман им се обрати преку видеопорака.

Пол Кругман се смета за еден од највлијателните економисти на денешницата. Освен по редефинирањето на теоријата за меѓународна трговија, познат е и како основач или коосновач на неколку нови дисциплини во меѓународната економија – од новата трговска теорија (NTT) и новата економска географија (NEG) до модели на финансиски кризи и движења на девизниот курс. Нобеловата награда за економија ја доби во 2008 година.

Годинешната конференција на СЕФФ ќе се одржи на 30 и 31 мај 2022 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Четирите столба на дискусијата ќе бидат: Макроекономски предизвици во турбулентни времиња, Отпорност, конкурентност и регионална соработка, Енергија, зелена транзиција и инфраструктура и По кризата: двигатели за одржлив раст.

Покрај Кругман, меѓу потврдените учесници се повеќе други истакнати економисти, високи претставници на меѓународни финансиски институции, министри за финансии, гувернери… кои ќе ги образложат своите гледишта и ќе дебатираат на еден од осумте панели на #СЕФФ2022.

Анализи

(НЕ)Праведноста на даночната реформа – став на Аналитика тинк тенк за даночната реформа

Објавено

на

Во контекст на предложената даночна реформа од страна на Министерството за финансии, АНАЛИТИКА тинк тенк укажува на следното: (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Инфлацијата во Австрија достигна највисоко ниво во последните 47 години

Објавено

на

Годишната инфлација во Австрија во јули беше највисока од февруари 1975 година – индексот на потрошувачките цени скокна за 9,3%, покажаа прелиминарните податоци на федералната канцеларија за статистика „Statistik Austria”. Така, индикаторот извести за своите највисоки вредности во последниве 47 години. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

БАНКАРИТЕ ГО ИМААТ РЕЦЕПТОТ ЗА УСПЕХ – Трите најголеми македонски банки прокнижија добивка од 64,8 милиони евра во првата половина на 2022 година

Објавено

на

Податоците од направената анализа на Банкарство.мк покажуваат дека во првото полугодие од 2022 година водечките три домашни банки (Стопанска банка АД – Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка Скопје) оствариле добивка од 3.987.695 илјади денари или 64,8 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Популарно