Connect with us

Останато

Кругман: Македонија треба да се посвети на сопствената инфраструктура

Објавено

на

Денес започна меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“ во организација на Министерството за финансии.

Главен говорник на СЕФФ 2022 е добитникот на Нобелова награда за економија, американскиот професор Пол Кругман. Нобеловецот на денешното свое излагање посочи дека земјава треба да се посвети на подобрување на сопствената инфраструктура, како и на унапредување на работната сила и образованието.

„Подобрување на патната инфратруктура заедно со инвестиции во транспортот сметам дека се едни од клучните сегменти на кои треба да посвети вниманиe вашата земја. Иако не сум запознаен детално со економијата, сепак, како копнена земја сметам дека транспортното прашање, заедно со работната сила и образованието се меѓу клучните сегменти на кои треба земјата да посвети поголемо вниманиe, заедно со инфраструктурата како еден од поважните сегементи”, изјави Пол Кругман на денешното излагање во рамки на Скопскиот економски и финансиски форум – СЕФФ2022.

Професорот и истакнат американски економист на своето излагање појасни дека иако светската економија  е во еден турбулентен период, сепак, не очекува годинава светот да ја заврши со рецесија, и дополни дека тешко може да се каже какви се изгледите, но очекува раст.

Кругман се осврна на повеќе теми во свооето излагање, меѓу кои и инфлацијата потенцирајќи дека истата е глобална и дека ја има и во САД и во Европа и насекаде во светот. Воедно тој се осврна и на влијанието на тековните случувања врз глобализацијата посочувајќи дека според него светот се повеќе се оддалечува од глобализацијата.

„Изгледите се дека се оддалечуваме од глобализацијата и иако тоа се јавува како тенденција, сметам дека нема да дојде до целосно затворање на земјите. Трудоинтензивните дејности не очекувам да се вратат во развиените земји, тоа се големи инвестиции, но голема е веројатноста да се преселаат поблиску до развиените земји. Сепак, платите во земјите кои се поблиску до развиените се повисоки, но голема е веројатноста да се селат компаните од Азија во Централна америка, поблиску до САД. Додека пак за Европската унија тие што сакаат поблиску да се до Европа ќе се преселат во земји на Балканот, или во вашиот регион, иако платите тука не се ниски како во Бангладеш, но се пониски од Германија”, посочи Кругман.

Добитникот на Нобелова награда за економија, американскиот професор Пол Кругман осврнувајќи на состојбите по кризата предизвикана и од пандемијата, но и од војната во Украина, истакна дека се чувствуваат последиците но засега не може да се зборува дали технички земјите ќе бидат во рецесија.

„Инфлацијата има високи стапки. Зборуваме за навистина прегреани економии. Пред некое време инфлацијата беше задржана само на одредени стоки, но сега гледаме дека таа се проширува. Добро е што економиите се жешки, но сега мислам дека е значајно тие да се оладат. Многу е важно да има еден период во кој економиите ќе растат побавно отколку нивниот производствен капацитет. Мора да се отстрани таа прегреаност. Дали ќе има рецесија во техничка смисла. Одговорот на тоа прашање е нејасен. Се разбира дека има можност за период на бавен, но не толку негативен раст и развој”, изјави Кругман.

Според него, економиите постепено ќе се вратат во својата патека, иако тоа тешко се менаџира. Објасни дека без разлика далиќе има или не, рецесија, сите ќе чувствуваме економска мака и болка. Сепак, тој посочи дека добра вест според него е што податоците, анализите, ниту истражувањата не покажуваат дека инфлацијата станала дел од нас и оти е вкоренета во глобалната економија.

Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ) е иницијатива на Министерството за финансии чија цел, како што истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими е да овозможи дебата за јавните политики на теми релевантни за Македонија и за Југоисточна Европа, преку годишни конференции, повремени семинари и портал за анализи и коментари.

Останато

Пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти

Објавено

на

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Годишната стапка на инфлација во Белгија 11,27 проценти, највисоко ниво во последните 50 години

Објавено

на

Годишната стапка на инфлација во Белгија се искачи на 11,27 проценти во септември, што е највисоко ниво во последните 50 години, покажуваат официјалните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Владата обезбеди 250 милиони евра со поволни услови преку германски хартии од вредност

Објавено

на

Владата донесе одлука за издавање хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen”, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби. (more…)

Продолжи со читање

Популарно