Connect with us

Осигурување

Крсте Шајноски ќе ја води Агенцијата за супервизија на осигурување

Објавено

на

Професорот Крсте Шајноски ќе биде нов предводник на Агенцијата за супервизија на осигурување, а на оваа позиција доаѓа на местото на Климе Попоски.

Тој е вонреден професор на постдипломските студии на Институтот за бизнис и економија. Исто така, е еден од сопствениците на веб порталот Фактор.мк, а претходно има работено како новинар во Телма, и предавано на студентите на Високата школа за новинарство.

Неговото именување треба да се случи на седница на Собранието закажана за 11 декември.

Шајноски е предложен од Владата во ноември годинава кога истече вториот мандат од пет години на досегашниот претседател на Советот на експерти на Агенцијата за суоервизија на осигурувањето Климе Попоски. Попоски првпат беше избран за претседател на Советот на експерти на Агенцијата во ноември 2009 година.

Шајноски во својот професионален ангажман претходно бил консултант на осигурителните друштва Кроација но, и доцент на Економскиот факултет во Штип.  Работел и како инвестициски советник.

Покрај Шајноски, пратениците ќе треба да го именуваат Злате Симоновски за член на Советот на експерти на ова регулаторно тело со мандат од пет години. Тој е актуелен извршен член на Советот на експерти.

Осигурување

Какви поволности нуди доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување?

Објавено

на

Доброволното приватно здравствено осигурување е доброволно и долгорочно осигурување и може да се договори најмалку во траење од една година од денот на почеток на осигурувањето. Доброволното здравствено осигурување не е животно осигурување или дополнително осигурување кон осигурувањето на живот согласно со Законот за супервизија на осигурување. Правата и обврските кои произлегуваат од доброволното приватно здравствено осигурување не можат да се пренесуваат ниту да се наследуваат. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Милионски приливи од камати и дивиденди на сметките во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Пензиското штедење претставува долгорочно штедење кое има за цел зголемување на средствата на идните пензионери. Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку активно управување со средствата од пензиските фондови обезбедува раст на вредноста на пензиските заштеди. Приносите остварени од инвестирањето на средствата ќе ги зголемат заштедите и ќе обезбедат посигурна и постабилна иднина за членовите во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп АД Скопје оствари добивка од 8,5 милиони денари во 2019 година

Објавено

на

ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп АД Скопје преку Македонска Берза објави ревидиран финансиски извештај за периодот 01.01.-31.12.2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно