Connect with us

Осигурување

КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ ОСТАНУВА СИГУРЕН ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН РАКОМЕТ

Објавено

на

Во пресрет на дваесет и шестото Светско првенство во ракомет, кое од утре (10.01.) до 27-ми јануари се одржува во Германија и Данска, Кроација осигурување – Друштво за неживотно осигурување го продолжи парнерството со Ракометната федерација на Македонија. На тој начин компанијата даде придонес во обезбедување на неопходните предуслови за уште едно успешно учество на нашите репрезентативци на најголемото ракометно натпреварување оваа година. 

Ова е петта година по ред во која нашата компанија, преку партнерство со Ракометната федерација, обезбедува поддршка за македонскиот репрезентативен ракомет. Горди сме што сме заедно со нашите ракометари и во нивниот најнов спортски поход кон врвот на светскиот ракомет. Со голема верба во нивните квалитети, борбеност и тимски дух, ветуваме дека ние, заедно со целата македонска јавност, ќе навиваме и ќе се радуваме на нивните победи кои секогаш ги доживуваме и како наши, заеднички“, изјави Гоце Вангеловски, извршен директор на Кроација осигурување – друштво за неживотно осигурување Скопје.

Македонската машка ракометна селекција е во групата Б и го започнува првенството со меч против селекцијата на Јапонија на 11-ти јануари, по што следуваат натпреварите против Бахреин на 13-ти јануари, со репрезентацијата на Хрватска на 14-ти јануари, против Шпанија на 16-ти и против составот на Исланд еден ден подоцна.

Заради обезбедување што поголема поддршка од страна на сите љубители на ракометот во Македонија, Кроација осигурување, преку својот профил на социјалната мрежа Facebook континуирано, во текот на целото првенство, ќе обезбедува информации и фотографии од сите натпревари на нашата селекција, како и содржини кои придонесуваат за натамошна промоција на овој популарен екипен спорт во земјата.

Оваа година Кроација осигурување – друштво за неживотно осигурување Скопје одбележува една деценија од влезот на македонскиот осигурителен пазар.

Домашни банки

Халкбанк ќе отвори своја осигурителна компанија

Објавено

на

По информацијата објавена од Македонската берза дека акциите на „Нова Осигурување АД Скопје” се продадоа за вкупно 3,2 милиони евра во две блок-трансакции, „Халкбанк АД Скопје” и официјално потврди дека сега поседуваат 100 отсто од капиталот на осигурителната компанија.

(more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Кроација Осигурување – Живот го демантира Винер Лајф со Факти

Објавено

на

Кроација Осигурување – Живот го демантира Винер Лајф со Факти откако во јавноста беше објавено интервју со Марко Дамевски, Менаџер за продажба во Винер Лајф. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Кроациа Осигурување – живот: 13 години присуство во Македонија и 24% раст во 2018 година

Објавено

на

Во период од 13 години Кроациа Осигурување – Живот перманентно бележи раст и развој, прераснувајќи во лидер на пазарот за животно осигурување кој секојдневно се стреми кон остварување на високо поставените цели и посакуваните резултати, вложувајќи многу труд, знаење и ентузијазам изминативе години со цел остварување на  висок квалитет на осигурителни услуги. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange