Домашни банки
Кроација осигурување Неживот и Стопанска банка АД – Скопје ја прошируваат понудата на банкоосигурување со понуда за осигурување на отплата на кредит


Во насока на поттикнување на развојот на домашниот осигурителен пазар Кроација осигурување и Стопанска банка неодамна ја проширија понудата на банкоосигурување на македонскиот пазар за првпат овозможувајќи им на клиентите осигурување на отплата на кредит (во светот познато како CPI – Creditor protection insurance).
Со оваа понуда корисниците на ново-одобрени кредити од Стопанска банка АД – Скопје, добиваат можност да склучат договор за осигурување на отплатата на кредитот кој им обезбедува финансиска стабилност за време на отплатата на кредит, овозможувајќи им на клиентите времено премостување на одредени животни предизвици што можат да настанат за време на отплатата на кредитот како што се: губење на работа, незгоди, подолги боледувања и др.
Особено нè радува што за кратко време од воведувањето, oсигурувањето на отплата на кредит беше препознаено од клиентите како додадена вредност и веќе со почетокот на ноември (месецот на осигурувањето) ја забележавме продажбата на 100-тата полиса од овој вид осигурување. По тој повод, на 17. 11. 2021 година во рамки на новоотворениот i-bank corner на Стопанска банка во трговскиот центар East Gate Mall, покрај кратката презентација на новата понуда, доделен беше и пригоден подарок на 100-тиот корисник на Осигурувањето на отплата на кредит – викенд во Крушево за 2 лица.
Повеќе детали за можноста за користење на осигурувањето на отплата на кредит заинтересираните клиенти можат да добијат ексклузивно во сите филијали на Стопанска банка или на АлоКредит достапен 24/7 на (02) 15110.
За осигурување на отплата на кредит:
Осигурување на отплата на кредити (Creditor protection insurance CPI) е наменски развиено покритие со кое, во случај на остварување на предвидените ризици, од една страна Банката го намалува ризикот во случај на одредени настани во текот на животниот циклус на отплата на кредитот, а од друга на корисниците на кредит добиваат сигурност и редовно финансирање на своите обврски без оглед на состојбата во која се наоѓаат. Доколку се случи осигурен настан поврзан со смрт или трајна целосна неспособност за работа, семејството не го наследува долгот на заемот и останува финансиски заштитено затоа што неплатениот износ на заемот, кој исто така претставува и осигурена сума, ќе биде подмирен во целост. Од друга страна, доколку корисникот на кредит дојде во ситуација на невработеност или боледување, осигурувањето во периодот на траење на еден од овие настани ги надоместува месечните ануитети.
Домашни банки
Стопанска банка а.д. Битола доделува бесплатни влезници за ЗОО Скопје


Стопанска банка а.д. Битола е верен пријател на Скопската зоолошка градина. Со посебна акција ја изразува поддршката на едно од најубавите и највеселите места за забава во градот. (more…)
Business Man
Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 400 акции од Комерцијална банка АД Скопје
Домашни банки
НЛБ Банка пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025”


НЛБ Банка и оваа година е пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025” кој се одржува во Скопје. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје