Connect with us

Осигурување

Кроација Осигурување забележа раст и го зголеми пазарното учество во сегментот на неживотно осигурување

Објавено

на

Во услови на минимален раст на домашниот осигурителен пазар од 1,6% на годишно ниво, Кроација осигурување – Друштво за неживотно осигурување ја заврши 2017-та година со добивка и раст од 8,6%, што е меѓу првите три најдобри пазарни остварувања.

Компанијата го зголеми своето пазарно учество кое на крајот на минатата година се зголеми на 5,3% од вкупната бруто полисирана премија во сегментот на неживотното осигурување. Во текот на 2017-та година адекватноста на капиталот се искачи на 128%, а обезбедена е и 115% покриеност на техничките резерви со што задржано е високо ниво на сигурност во работењето и усогласеност со законските барања.

Со понуда на атрактивни осигурителни производи и услуги што носат дополнителна вредност и придобивки за корисниците, како и со постојано унапредување на комуникацијата и нивото на доверба кај нив, нашата компанија успеа да продолжи со растот и во периодот на стагнација на осигурителниот пазар која беше посебно изразена минатата година. Веруваме дека во текот на 2018-та година, откако амбиентот од кој зависи растот на осигурителниот пазар значително се подобрува, ќе продолжиме уште поамбициозно со реализацијата на нашите развојни планови во чии фокус се корисниците. Тоа ќе нѝ овозможи да се проиближиме кон остварување на нашата стратешка цел – да бидеме меѓу ТОП 3 осигурителни компании во сегментот на неживото осигурување во Македонија” – изјави Гоце Вангеловски, извршен директор на Кроација осигурување – друштво за неживотно осигурување Скопје.

Еден од клучните проекти на кои ќе се темели растот на компанијата во текот на 2018-та година е дигиталната платформа за купување и обновување полиси на интернет и преку мобилен телефон – moja.croatia.mk, која веќе е лансирана и со која компанијата ја олесни комуникацијата и пристапот на корисниците до полисите за осигурување. Во тој контекст компанијата ќе продолжи да ја проширува и својата продажна мрежа и да склучува нови партенерства за застапување при осигурувањето. Во текот на целата година, компанијата континуирано се фокусира на усогласување на постојните и развој на нови осигурителни производи согласно пазарните трендови и потребите на корисниците. Очекувањата се дека сите овие новини ќе ја зголемат вкупната ефикасност во работењето, пораст на бруто премијата за 7% и натамошен раст на пазарното учество кое на крајот на 2018-та се очекува да го надмине прагот од 6%.

Осигурување

Соништата на нашите деца се сериозна инвестиција

Објавено

на

Септември со себе го донесе почетокот на новата учебна година, а на прагот е и почетокот на новата академска година.

Образованието и едукацијата се мост помеѓу соништата на децата и реалноста. Мост кој го поминуваме за да се оствари одговорот на прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“. Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција.

Коко детското штедно осигурување претставува единствена можност да ги осигурате своите најмили од ризиците што ги носи детската игра и притоа да заштедите за нивната иднина.

Ексклузивноста на овој производ се состои во поврзаноста на штедната и осигурителната компонента. Со полисата за Коко – Детско Штедно Осигурување Вашето дете е осигурано, а воедно и штедите за неговата сигурна иднина.

ПРИДОБИВКИ:

  • Обезбедете за Вашите најмили остварување на соништата, квалитетно високо образование, олеснување на зачекорувањето во самостоен  живот;
  • Штедна компонента – Сите средства кои ги вложувате се повратни.
  • Заштитено со девизна клаузула
  • Осигурување за целото времетраење на договорот
  • Финансиски сигурна иднина за Вашите најмили
  • Сигурен облик на штедење со истовремено осигурување

КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Се опфаќаат деца на возраст од 1 месец до 13 години.
  • Можност за избор на динамика на плаќање: месечно, квартално, полугодишно, годишно и еднократно.
  • Можност за избор на начин на уплата: уплатница, траен налог, задршка од плата, во нашата Дирекција

Полисата КОКО детско штедно осигурување има бројни дополнителни поволности. Една од тие бенефиции е и подарокот за завршено средно образование на детето со одличен успех. Полисата за Коко детско штедно осигурување претставува целосен пакет за осигурување на Вашето дете со истовремено долгорочно и сигурно штедење. Уплатата за оваа полиса може да изнесува и само 1.200,00 денари месечно. 

Дополнително, самата полиса претставува и потенцијален билет за патување во Дизниленд. Имено, сите деца кои во текот на годината ќе станат осигуреници на Кроациа Осигурување – Живот, стануваат учесници во наградната игра „Коко Ве води во Дизниленд“ и потенцијални добитници на наградно патување во Дизниленд. Најсреќното од нив по случаен избор се избира на крајот од годината.

Со полисата за детско штедно осигурување родителите се стекнуваат со право на користење на CROATIA КАРТИЧКАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ која овозможува попуст при посета на ресторани, кафулиња, салони за убавина, фитнес центри, училишта за странски јазици, продавници за детски играчки, стоматолошки ординации, парфимерии, туристички агенции итн. Croatia картичка за лојалност овозможуваат попуст на повеќе од  300 локации низ цела Македонија. Ова може да биде начин Вие да заштедите за полисата за Коко детско штедно осигурување.

Покрај основните карактеристики, кои подразбираат детско штедење со истовремено осигурување, овој производ го карактеризира и осигурителна компонента во случај на смрт на Договорувачот (лицето кое ја врши уплатата). Оваа осигурителна компонента гарантира исплата на Договорената осигурена сума, односно сумата која сакал Договорувачот да ја заштеди, без обврска да се продолжи со плаќање на полисата.

За дополнителни информаци поврзани со понудата контактирајте со нашите телефонските оператори на телефонскиот број 071 345 746. Операторите се достапни и за Вибер комуникација.

Продолжи со читање

Домашни банки

Банкосигурување настан: Сигурно е да си осигуран!

Објавено

на

Во свет полн со предизвици и непредвидливи моменти, Сигурно е да си осигуран! (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

15 Септември: Ден на пензиска свесност

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), организираше информативен настан по повод одбележување на “Ден за пензиска свесност – 15 септември”. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange