Connect with us

Осигурување

Кроација Осигурување – Живот купува 5.800 акции во Кроација Осигурување – неживот!

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 109-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити донесе Решение со кое на Кроација Осигурување АД Друштво за неживотно осигурување Скопје му се дава одобрение за издавање на четврта емисија на акции по пат на приватна понуда.

Со четвртата емисија на акции, Кроација Осигурување АД Друштво за неживотно осигурување Скопје ќе издаде 5.800 обични акции со продажна цена по акција од 100 евра, која е еднаква на номиналната. Па оттаму, вкупната продажна вредност на емисијата изнесува 580.000 евра, односно 35.716.226 денари.

Четвртата емисија на акции на Кроација Осигурување АД Друштво за неживотно осигурување Скопје се врши со зголемување на основната главнина на друштвото со нови парични влогови, а заради зајакнување на капиталот на Друштвото и усогласување со одредбите од Законот за супервизија на осигурување. Акциите се наменети за познат купувач – институционалниот инвеститор Кроација Осигурување АД Друштво за осигурување на живот Скопје.

На седницата што се одржа денеска на 07 јуни, 2021 година беше издадена една дозвола за инвестициски советник. Исто така, беа усвоени неколку подзаконски и интерни акти заради усогласување со новиот Закон за заштита на лични податоци.

Компании

ЕВРОХОЛД обезбеди 80,5 милиони евра преку нова емисија на акции

Објавено

на

ЕВРОХОЛД, најголемиот јавен холдинг во Бугарија и една од водечките независни бизнис групи кои делуваат на територијата на Централна и Југоисточна Европа , обезбеди финансиски средства во вредност од 157 милиони лв (80.5 милиони Еур) преку нова емисија на акции преку Бугарската берза. Новата емисија на акции се одвиваше во периодот од 9 Јуни и 7 Јули и наиде на силен интерес како кај домашните така и кај странските инвеститори кои запишаа и уплатија цца 63 милиони нови акции. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Осигурителниот пазар порасна 5%, продажбата на полиси достигна 43,7 милиони евра

Објавено

на

Осигурителниот пазар порасна за 5 отсто во првите три месеци годинава, а продажбата на полиси (бруто полисирана премија БПП) достигна 2,69 милијарди денари (43,7 милиони евра) што е за 1,7 милиони евра повеќе од истиот период лани, покажуваат официјалните збирни податоци на Агенцијта за супервизија на осигурување (АСО). (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

АСО: Осигуреници наплатија 15 милиони евра од штети за три месеци, 9,5% повеќе од лани

Објавено

на

Износот на исплатени штети покриени со неживотни осигурувања порасна за 9,5 отсто во првиот квартал годинава во однос на истиот период лани. Вкупно се исплатени 15 милиони евра за обештетување, а најмногу штети исплатиле „Триглав Осигурување“, „Сава Осигурување“, „Халк Осигурување“, „Уника“ и „Еуролинк“. Најголем раст на исплатени штети,  има кај дополнителното здравствено осигурување – 92% повеќе од првото тромесечје лани. (more…)

Продолжи со читање


Популарно