Connect with us

Осигурување

Кроација Осигурување – Живот го демантира Винер Лајф со Факти

Објавено

на

Кроација Осигурување – Живот го демантира Винер Лајф со Факти откако во јавноста беше објавено интервју со Марко Дамевски, Менаџер за продажба во Винер Лајф.

Кроација Осигурување – Живот ја известува јавноста дека интервјуто на “ Марко Дамевски: Продажбата е професија која нуди безброј можности“ објавено на Банкарство.мк содржи податок кој е невистина и не соодветствува на реалната пазарна ситуација на пазарот за осигурување во Р.Македонија.

Реченицата која е целосна невистина е следна:
“Марко Дамевски: Точно е дека Винер Лајф е на македонскиот пазар на животно осигурување од 2010 година и е единствена компанија која бележи континуиран раст секоја година од своето постоење.”

Кроација Осигурување – Живот го демантира неточно објавениот податок дека Винер Лајф е единствена компанија која бележи континуиран раст секоја година.

Во прилог табела со податоци кои се јавно објавени на сајтот на Агенција за супервизија на осигурување, каде што се гледа растот на Кроација Осигурување – Живот од година во година.

Кроација Осигурување – Живот АД Скопје е на лидерската позиција на пазарот за осигурување која ја гради изминатите години и моментално има 46% од пазарното учество, односно 74% market share по број на полиси.

Домашни банки

Халкбанк ќе отвори своја осигурителна компанија

Објавено

на

По информацијата објавена од Македонската берза дека акциите на „Нова Осигурување АД Скопје” се продадоа за вкупно 3,2 милиони евра во две блок-трансакции, „Халкбанк АД Скопје” и официјално потврди дека сега поседуваат 100 отсто од капиталот на осигурителната компанија.

(more…)

Продолжи со читање

Осигурување

КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ ОСТАНУВА СИГУРЕН ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН РАКОМЕТ

Објавено

на

Во пресрет на дваесет и шестото Светско првенство во ракомет, кое од утре (10.01.) до 27-ми јануари се одржува во Германија и Данска, Кроација осигурување – Друштво за неживотно осигурување го продолжи парнерството со Ракометната федерација на Македонија. На тој начин компанијата даде придонес во обезбедување на неопходните предуслови за уште едно успешно учество на нашите репрезентативци на најголемото ракометно натпреварување оваа година.  (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Кроациа Осигурување – живот: 13 години присуство во Македонија и 24% раст во 2018 година

Објавено

на

Во период од 13 години Кроациа Осигурување – Живот перманентно бележи раст и развој, прераснувајќи во лидер на пазарот за животно осигурување кој секојдневно се стреми кон остварување на високо поставените цели и посакуваните резултати, вложувајќи многу труд, знаење и ентузијазам изминативе години со цел остварување на  висок квалитет на осигурителни услуги. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange