Connect with us

Осигурување

Кроациа Oсигурување – Неживот А.Д. Скопје го имплементираше системот за квалитет согласно ИСО стандардот

Објавено

на

Кроациа Oсигурување – Неживот А.Д. Скопје – друштво за неживотно осигурување го имплементираше системот за квалитет согласно стандардот ИСО 9001:2015.

„Највисокиот менаџмент заедно со оперативното раководство за квалитет на Кроација осигурување АД – неживот во изминатиов период беше насочено кон имплементација на нов стандард за квалитет, кој во домен на неживотно осигурување не е едноставен за имплементација поради низа комплекности на процесите. Процесот се одвиваше во неколку фази а основата беше скенирање на сите процеси во работењето и формирање на процесни матрици кои ќе донесат квалитет, брзина но и контрола во сите домени од работењето. Резултатот беше успешна сертификација од страна на Lloyd’s Register Quality Assurance. Тоа што многу малку компании во нашата држава поседуваат ваков сертификат нѐ прави препознатливи по уште една значајна карактеристика – квалитетот во работењето“, изјави Вилма Учета Дузлевска, генерален извршен директор на Кроација осигурување неживот АД Скопје.

Политиката за квалитет произлегува од мисијата и стратегијата на друштвото и е дел од неговата деловна политика. Основната цел е да ги регулира активностите на осигурување во насока кон висока професионалност и  квалитет на услугите, континуирано следење на задоволството на клиентите преку нивни препораки и барања, одржување на задоволство и мотивираност на вработените како и следење на ризиците и проактивно учество во спречување на истите, но и мерливост на резултатите и нивна ефективност и ефикасност, соопшти компанијата.

Осигурување

Триглав – групација со солиден капитал и стабилен, профитабилен бизнис

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг „S&P Global Ratings” (во натамошниот текст: „S&P” или агенција) по редовниот годишен преглед на ден 11.09.2020 година, на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и друштвото ќеркa Позаваровалница Триглав Ре, повторно ја потврди долгорочната кредитна бонитетна оценка и кредитната оценка за финансиска моќ »A« со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на стабилното и профитабилно работење на Групацијата Триглав, нејзината солидна капитализираност, промислената реосигурителна заштита и водечката позиција на пазарот во Словенија и во регионот. Кредитниот рејтинг „А“ е исклучиво проценка на самостојниот профил на кредитни ризици на Групацијата и не содржи никакви зголемувања, што би биле последица на поврзаноста на Групацијата со државата. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Нови приливи од камати распределени на сметките на членовите во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Сите приливи кои се резултат на инвестираните пензиски заштеди акумулирани во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Групацијата Триглав во првото полугодие со раст на премија и пониска добивка

Објавено

на

Групацијата Триглав во првата половина од годината и покрај тешките услови поради пандемијата, работеше профитабилно и сигурно. Достигна премиски раст на повеќето свои пазари, во сите три сегменти на осигурувањето и оствари 7 проценти повисока консолидирана бруто полисирана премија (673,4 милиони евра) споредено со истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно