Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Осигурување

Кроациа Осигурување – живот: 13 години присуство во Македонија и 24% раст во 2018 година

Објавено

на

Во период од 13 години Кроациа Осигурување – Живот перманентно бележи раст и развој, прераснувајќи во лидер на пазарот за животно осигурување кој секојдневно се стреми кон остварување на високо поставените цели и посакуваните резултати, вложувајќи многу труд, знаење и ентузијазам изминативе години со цел остварување на  висок квалитет на осигурителни услуги.

Денес, Кроациа Осигурување – Живот е стабилна осигурителна компанија и Лидер на пазарот за животно осигурување која сеуште се издвојува како единствена ISO сертифицирана осигурителна компанија во Р. Македонија со меѓународен сертификат за воспоставен систем за управување согласно стандардот за квалитет ISO 9001:2015 и меѓународен сертификат за воспоставен систем за задоволство на корисниците и процес за управување со поплаки согласно стандардот ISO 10002:2014.

Кроациа Oсигурување Живот се издигна доста над пазарот изминативе две – три години. Тоа посебно е димензионирано оваа година кога е остварен апсолутен раст на премија дури поголем од сите останати компании на животно осигурување заедно. За Кроациа Осигурување – Живот  2018 година е историска година по остварување добри финансиски резултати. Растеме во однос на минатата година со 24%, додека вкупниот пазар за осигурување живот расте со стапка од 15%.

 

Осигурување

Дружбата со Винко и Ивце Пивце помина во фантастична атмосфера

Објавено

на

Во саботата Винер Лајф организираше настан од отворен карактер за сите мали и големи деца кои имаа желба да го запознаат малото слатко и харизматично Бувче Винко! (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Дружба со Винко и Ивце Пивце во Градски парк Скопје!

Објавено

на

Вашето дете е Вашата најголема среќа, а неговото здравје е Ваша најголема грижа! Заштитата на здравјето на Вашето дете е една од најголемите финансиски одлуки што некогаш ќе ги направите во животот. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Групацијата Триглав на тримесечје ја потврдува најавата за планираната годишна добивка

Објавено

на

Во првите три месеци од 2019-та година Групацијата Триглав фактурираше 317 милиони евра бруто консолидирана премија, што е 8% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Консолидираната бруто добивка порасна за 8% и изнесува 29,9 милиони евра. Имајќи ги во вид предвидените околности до крајот на годината, Групацијата ја потврдува најавата за планираниот годишен резултат. Паралелно со доброто работење во осигурителната дејност, што е изразено преку поволниот комбиниран коефициент на Групацијата, Триглав го зголеми обемот на средства со кои што управува за своите клиенти. Оваа година, Групацијата продолжува да ја спроведува својата стратегија на раст и развој, успешно го заврши купувањето на друштвото АЛТА Склади и влезе на македонскиот пазар на пензиски осигурувања. Триглав Осигурување Скопје, кој е дел од Групацијата Триглав, во првиот квартал од 2019-та година работеше добро во својата основна дејност и ја зачува лидерската позиција на македонскиот пазар на неживотно осигурување. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange