Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Осигурување

Кроациа Осигурување – Живот: “Се повеќе Македонци се одлучуваат за животно осигурување како сигурен облик на штедење”

Објавено

на

Се повеќе македонски граѓани го препознаваат животното осигурување како сигурен облик на штедење кое им гарантира заштеда, овозможувајќи им истовремено сигурност при можни ризици.

Осигурувањето на живот е долгорочно решение кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедењесигурност како и осигурување, и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите. Овој финансиски инструмент примарно гарантира исплатата на осигурително покритие при немил настан, а дополнително на своите корисници им гарантира и исплата на вложените средства заедно со припишана добивка по истекот на осигурителниот период.

Водечката осигурителна компанија за животно осигурување во земјава, Кроациа Осигурување – Живот, четврта година по ред врши исплата на осигурени суми кон своите осигуреници кои склучиле полиса пред повеќе од 10 години.

“Имајќи го предвид самиот концепт на животно осигурување, кој подразбира поврат на вложените средства по истекот на осигурувањето, за изминативе 4 години сме исплатиле речиси 4 милиони евра во форма на осигурени суми за доживување кон нашите осигуреници. Дополнително, во 2019 година ќе исплатиме 1,3 милион евра по основ на полисите кои истекуваат следната година. Секако, наша примарна обврска е да понудиме сигурност за осигурениците при можни ризици, штедната компонента е само една дополнителна бенефиција на полисата за осигурување на живот” – велат од Кроациа Осигурување – Живот АД. Скопје.

Клучна предност која ја има овој финансиски производ, а која ја препознаа македонските граѓани, е комбинацијата на штедна и осигурителна компонента. Македонците препознаа дека ова е единствениот финансиски инструмент кој овозможува долгорочно штедење со истовремено осигурување од неколку ризици (смрт, незгода и болест). Преку овој инструмент осигуреникот обезбедува финансиска сигурност на најблиското семејство во случај на настанување на несреќен настан со фатални последици. Доколку настане некој од ризиците кои ги покрива полисата, корисникот на осигурувањето ја добива целата осигурена сума. Практично ова е единствен финансиски производ кој вклучува штедна компонента, а истовремено покрива ризици од појава на болест или несреќен случај.

Осигурување

Групацијата Триглав на тримесечје ја потврдува најавата за планираната годишна добивка

Објавено

на

Во првите три месеци од 2019-та година Групацијата Триглав фактурираше 317 милиони евра бруто консолидирана премија, што е 8% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Консолидираната бруто добивка порасна за 8% и изнесува 29,9 милиони евра. Имајќи ги во вид предвидените околности до крајот на годината, Групацијата ја потврдува најавата за планираниот годишен резултат. Паралелно со доброто работење во осигурителната дејност, што е изразено преку поволниот комбиниран коефициент на Групацијата, Триглав го зголеми обемот на средства со кои што управува за своите клиенти. Оваа година, Групацијата продолжува да ја спроведува својата стратегија на раст и развој, успешно го заврши купувањето на друштвото АЛТА Склади и влезе на македонскиот пазар на пензиски осигурувања. Триглав Осигурување Скопје, кој е дел од Групацијата Триглав, во првиот квартал од 2019-та година работеше добро во својата основна дејност и ја зачува лидерската позиција на македонскиот пазар на неживотно осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Дружба со Винко!

Објавено

на

Вашето дете е Вашата најголема среќа, а неговото здравје е Ваша најголема грижа! Заштитата на здравјето на Вашето дете е една од најголемите финансиски одлуки што некогаш ќе ги направите во животот. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Членовите на Управниот одбор на Осигурување Македонија добија нов мандат

Објавено

на

Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Управниот одбор на Друштвото. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange