Connect with us

Осигурување

Кроациа осигурување Живот организира акција за цртање на тема “Осигурување и штедење со Коко”

Објавено

на

Во рамките на месец Ноември, а по повод 01-ви Ноември ден на осигурувањето, Кроациа осигурување Живот организира акција за цртање на тема “Осигурување и штедење со Коко” –маскота која е заштитен лик на Детското штедно осигурување.

Целта на овие активности е да се поттикнат дечињата да размислуваат за осигурување и штедење и да ги споделат своите идеи и креативни творби.

Акцијата на собирање на цртежите ќе трае од 01.11 до 31.11.2019 година.

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?

Овие активности се наменети за сите дечиња осигуреници на Кроациа осигурување Животдеца кои се осигуреници по основ на производот детско штедно осигурување.

ДОСТАВУВАЊЕ НА ЦРТЕЖОТ

Цртежите може да се состават на еден од следните начини:

  • Испраќање на цртежот по маил на info@cro.mk
  • Преку пошта на адреса: ул.Костурски Херои бр.38 1000 Скопје
  • Во експозитурата на Croatia осигурување Живот позади Универзална сала на ул.Костурски Херои бр.38 1000 Скопје

На сите творби на задната страна, треба да биде означено име и презиме, дата на раѓање, адреса на живеење и телефонски број за контакт.

За учество во акцијата која ја организира Кроациа осигурување Живот за цртање на тема “Осигурување и штедење со Коко”, учесниците треба да достават писмена согласност од родител/старател која треба да вклучува:

  • Име и презиме на родител/старател
  • Изјава дека родителот е запознаен со правилата за учество во оваа акција
  • Согласност од родителот за учество на малолетникот во акцијата
  • Согласност за обработка на личните податоци на малолетникот за потребите на акцијата.

Творбите пристигнати на еден од трите начини  ќе ги разгледа Комисијата за  избор на најкретивна творба и ќе одбере три кои ќе бидат наградени.Наградените творби ќе се објават на веб страната на Croatia осигурување Живот и на ФБ страната најдоцна до 31.12.2019 година и дополнително ќе бидат контактирани од стана на  Croatia осигурување Живот.

Наградите ќе бидат личен бенефит за децата, затоа една од наградите е ваучер за велосипед.

Осигурување

Групацијата Триглав го објави деловниот план за 2021 година

Објавено

на

Групацијата Триглав, врз основа на избраното веројатно сценарио за деловното опкружување во 2021-ва година, планира зголемен обем на консолидирана бруто полисирана премија помеѓу 1,2 и 1,3 милијарди евра и добивка пред оданочување од 85 до 95 милиони евра. Комбинираниот количник на Групацијата е планиран под 95 проценти, што е во долниот (поволен) дел на просечната целна стратешка вредност, којашто изнесува околу 95 проценти. Предвиденото работење ќе се спроведува во тешки и конкурентни услови на пазарот и под влијание на епидемиолошките услови на глобално ниво, чии што размери сеуште се неизвесни, а на финансиските пазари во услови на ниски/негативни каматни стапки. Во развојните активности, Триглав ќе биде ориентиран кон остварување на својата визија, преку фокус на клиентот динамично да ги развива новите начини на деловно работење, коишто се темел на одговорен долгорочен развој на Групацијата и истовремено да работи профитабилно и безбедно. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Повеќе од 38 милиони денари приливи во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје инвестирајќи ги пензиските заштеди на членовите акумулирани во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус, остварува приливи по основ на камати и дивиденди во пензиските фондови. На овој начин расте вредноста на пензиските заштеди и се обезбедува соодветна пензија за членовите. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

СН Осигурителен брокер: Здравјето секогаш на прво место!

Објавено

на

СН Осигурителен брокер АД Битола, во соработка со осигурителната компанија Евроинс АД Скопје, во рамите на својата понуда го има и доброволното приватно здравствено осигурување SN EUROHEALTH. Овој нивни продукт всушност е направен специјално за македонскиот пазар.
(more…)

Продолжи со читање

Популарно