Осигурување
„Кроациа осигурување – Живот АД Скопје“ – Индивидуално осигурување на животот

Живееме во чудни денови за кои до скоро не можевме ни да помислиме дека би се случиле кај нас. Изолација, затворање на компании и губење на работни места, како и несигурност на нашата иднина и иднината на нашите најблиски.
Природно е да се сакааат убави нешта и да се живее сегашноста во полн ек.
До скоро нашите размисли беа насочени кон убави патувања, комфорен живот без согледување на итна потреба да оставиме нешто зад нас.
Клиентите на „Кроациа осигурување – живот АД Скопје“ сметаа поинаку. Тие пронајдоа вистински партнер каде ќе можат слободно да вложуваат во полиса за животно осигурување, знаејќи дека нивните средства се безбедни и дека обезбедуваат финансиска сигурност за најблиските при несакани настани или тешки животни ситуации на најблиското семејство, токму тогаш кога имаат најголема потреба од тоа.
Полисата Индивидуално осигурување на животот го има водечкото место во портфолиото на „Кроациа осигурување – живот“, претставувајќи најатрактивна комбинација на карактеристики и придобивки кои вклучуваат:
- Поврат на вложените средства во вид на загарантирана осигурена сума за доживување која се исплаќа по истекот на Договорот за осигурување;
- Осигурително покритие во случај на смрт од болест;
- Двојно осигурително покритие во случај на смрт од незгода;
- Здравствено осигурување од тешко болна состојба;
- Здравствено осигурување од малигни болести;
- Осигурување од незгода.
Осигурувањето на живот е долгорочно решение кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност, како и осигурување, и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите.
Животот е непредвидливо патување. Одбери сигурност за цел живот, одбери полиса за осигурување живот!
Осигурување
Вложувањата во осигурување пораснаа 19%, надминаа 48 милиони евра за три месеци

Приватното здравствено осигурување и понатаму е најпопуларно доброволно осигурување со раст на продажбата од 63 отсто. Вложувањата во осигурување имот достигнаа 10 милиони евра за три месеци, а солидни растови има кај патничкото осигурување и кај каско осигурувањето на моторни возила. (more…)
Осигурување
Над 305.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле 37 милиони евра

Вложувањата во осигурување живот пораснале за 14 отсто во 2022 година, а најголемо учество во нив имаат инвестициите во животно осигурување со штедна компонента кои изнесуваат 20,1 милиони евра. Истовремено вкупните исплати на осигурителите кон осигурениците пораснале за 18,5 отсто, изнесуваат 14,5 милиони евра и вклучуваат: доживување, прекин на осигурување или смрт на осигуреник. Петте друштва за осигурување живот се солидно капитализирани и минатата година ја завршија со вкупна актива вредна 187 милиони евра. (more…)
Домашни банки
Триглав Осигурување Живот и Комерцијална банка со уникатна можност за обезбедување на корисниците на кредит при несакани животни ситуации

Секој од нас има желби и соништа и тежнее кон тоа да си дозволи убави нешта за себе и за најблиските. Но, можеби овој момент не е најповолен за остварување на замислите или, пак, сме скептични да направиме нешто повеќе, стравувајќи за личната и иднината на своето семејство. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје