Connect with us

Останато

Кристин Лагард предлага фонд за “црни денови”

Објавено

на

Еврозоната треба да создаде свој „фонд за црни денови“, кој ќе им помогне на членовите на монетарната унија при идни економски потреси, препорача директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.

„Земјите од еврозоната мора да се подготват за понатамошни економски шокови“ – изјави Лагард, говорејќи во Берлин. Според неа, монетарната унија треба да ги модернизира своите пазари на капитал и да ја подобри банкарската унија, како и да продолжи по патот кон поголема фискална интеграција.

Директорот на ММФ, исто така, коментираше во германскиот главен град дека во добрите години од економска гледна точка земјите од монетарната унија мора да придонесат во посебен фонд. Треба да се користи за трансфери кога економските проблеми се случуваат само во земји кои се во согласност со фискалните правила и кои ќе ги отплаќаат кредитите со нивните идни придонеси во фондот.

„Таквиот финансиски механизам за поддршка на членовите на еврозоната ќе ги смири инвеститорите“ – рече Лагард.

 

Останато

Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ ги отплатил кредитите на жителите во селото од каде потекнува!

Објавено

на

Младиот хрватски репрезентативец Анте Ребиќ дефинитивно е едно од најголемите изненадувања во финалистот на 21-от Мундијал во Русија.

(more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Криптовалутите сеуште влеваат доверба

Објавено

на

“Хаш стапката” претставува степенот на вкупното ископување на криптовалути. Таа се зголеми за 155% од почетокот на годината.

Според наводите на сајтот Cryptoslate, главната причина за зголемување на хаш – стапката е дека секоја блок награда од 12,5 биткоини е во вредност од околу 78.000 долари, па така крипторударите се и понатаму мотивирани да видат колку може да заработат на овој начин. Овие големи награди, сепак, нема да траат вечно. Се очекува наредно преполовување на вредноста на наградта да се случи на 25 мај 2020 година, а вредноста ќе се намали на 6,25 биткоини по блок, или околу 39.000 долари по тековни цени. Ова значи дека рударите моментално брзаат да направат колку што е можно повеќе биткоини.

Иако ентузијазмот околу биткоинот и другите криптовалути полека се намалува, екстремни оптимисти сеуште има. Инвеститорот Тим ​​Драпер (кој инвестираше во Тесла, Skype и Hotmail) сугерираше дека биткоинот ќе вреди 250 000 долари до 2022 година. Џек Дорси, шеф на Твитер, еднаш сугерираше дека биткоинот би можел да стане единствена глобална валута за само 10 години.

 

Продолжи со читање

Останато

САД им се заканува на државите кои инвестирале во Русија

Објавено

на

Вашингтон го повтори предупредувањето дека може да воведе санкции за западноевропски компании кои инвестирале во рускиот гасовод „Северен тек 2“ кон Германија.

Според американската Влада, Москва го користи проектот за да предизвика раскол во Европа.

– Бевме јасни дека постои ризик од воведување санкции за компаниите кои работат во секторот на рускиот енергетски извоз, изјави претставник на американскиот Стејт департмент.

Тој додаде дека Вашингтон смета оти „гасоводот ќе ја поткопа целата енергетска безбедност и стабилност на Европа, давајќи и на Русија уште еден инструмент за вршење политички притисок врз европските земји, особено врз Украина“.

– Русија сфаќа дека овој проект ја дели Европа и го користи за да добие предност, истакна тој.

Пет западноевропски компании инвестирале во „Северен тек 2“ – германските Унипер (Uniper) и Винтерсхал (Wintershall), австриската О Ем Ви (OMV), француската Анжи (Engie) и англо-холандската Шел (Shell).

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange