Криптовалути
Кристин Лагард: Криптовалутите се безвредни, тие не се засноваат на ништо!


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ништо, дека се целосно безвредни.
„Мојата многу скромна проценка е дека криптовалутите не вредат ништо“, изјави Лагард за криптовалутите во интервју за холандската емисија „College Tour“, што се емитуваше во неделата, пренесува „CNBC”.
„Тие не се засноваат на ништо“, додаде таа. „Нема основни средства што би дејствувале како сидро на безбедноста”, заклучи Лагард.
Лагард ги повика глобалните креатори на политики да воведат правила за заштита на неискусните инвеститори кои инвестираат во дигитални средства. Криптовалутите, особено биткоинот, изгубија повеќе од половина од својата рекордна вредност во ноември 2021 година оваа година.
„Загрижена сум за оние луѓе кои мислат дека на крајот ќе бидат наградени, кои не ги разбираат ризиците, кои сето тоа ќе го изгубат и кои ќе бидат страшно разочарани, поради што верувам дека треба да се регулира“, рече Лагард.
Скептицизмот на поранешната шефица на Меѓународниот монетарен фонд кон криптовалутите не е нов. Таа претходно изрази загриженост поради влијанието на дигиталните валути врз животната средина, како и нивната потенцијална употреба во перење пари и избегнување санкции, пренесува Бонитет.
Нејзините најнови коментари доаѓаат во време на засилено истражување на пазарот на крипто, бидејќи регулаторите реагираат на последиците од колапсот на „terraUSD”, контроверзниот таканаречен „stablecoin” кој секогаш требаше да вреди 1 долар, пишува „CNBC”.
Неколку централни банки работат на сопствени виртуелни алтернативи за готовина како одговор на брзиот раст на дигиталните валути – ЕЦБ е една од нив. Според Лагард, дигиталното евро би било „многу различно“ од приватните криптовалути.
„Денот кога ќе ја имаме дигиталната валута на централната банка, јас ќе бидам гарант над секое дигитално евро“, изјави Лагард. „Значи, централната банка ќе стои зад тоа. Мислам дека тоа е многу различно од која било од тие работи (криптовалутите)“.
Криптовалути
South Side Cocktail Bar – првиот крипто бар во Македонија


South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира крипто културата во Македонија и да ги едуцира луѓето за можностите што ги носи крипто светот. (more…)
Криптовалути
Бил Гејтс: Криптовалутите се измама за будали


Американскиот милијардер Бил Гејтс не е фан на криптовалутите и NFT. Основачот на „Microsoft” на конференцијата „TechCrunch” изјави дека криптовалутите се една голема измама. (more…)
Криптовалути
ЦРН ДЕН ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ – Биткоинот на најниско ниво од декември 2020 година


Биткоинот во текот на вчерашниот ден падна на најниско ниво дури од декември 2020 година, бидејќи падот на берзите продолжува крајно негативно да влијае и на криптовалутите, чие тргување ги следи таканаречените поризични средства, како што се акциите на технолошките компании. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје