Останато
Кристин Лагард бара државите да продолжат да им помогаат на граѓаните


Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, нагласи дека нејзиниот најголем страв не е дека Европската Унија ќе има многу долгови, туку дека владите можат „брутално“ да ги прекинат стимулативните мерки.
Според неа, таквите програми мора постепено и внимателно да се релаксираат, а не одеднаш.
„Ова е најтешкиот, најсуптилниот момент кога треба да се направат проценки”, изјви Лагард во интервју за „CNN“.
Владите издвоија милијарди долари помош во текот на изминатата година за да го ублажат економскиот шок предизвикан од пандемијата, со поддршка на централните банки, како што е ЕЦБ.
Европските лидери исто така одобрија пакет за економско закрепнување од 1,8 милијарди евра и буџет за помош во зајакнувањето на економиите на ЕУ кога ќе помине кризата, според американската телевизиска мрежа.
Лагард, сепак нагласува дека дури и кога економијата почнува да се подобрува и закрепнува, политичарите не треба да ја повлекуваат поддршката прерано.
Во својата најнова прогноза, објавена во декември, ЕЦБ најави дека европската економија ќе порасне за 3,9 проценти во 2021 година, а производството ќе достигне нивоа пред пандемија до средината на 2022 година.
Лагард истакна дека таквите прогнози во голема мера зависат од вакцинацијата, која има бавен почеток во Европската унија.
Останато
Северна Македонија најдобра во регионот според степенот на економски слободи
Економијата на Северна Македонија, според степенот на економски слободи, е најдобра од земјите во регионот, покажува извештајот за 2021 година на „Xеритиџ фондацијата”. Според индексот на американската фондација, македонската економија е на 46-то место во светот. (more…)
Останато
Бесими: Задолжувањето е оправдано кога продуцира повисок економски раст


При издавањето на државни хартии од вредност, трошокот треба да биде помал од бенефитот кој ќе го продуцира, односно идните стапки на раст на бруто-домашниот производ треба да бидат доволни за да го финансираат долгот, пишува во својата колумна министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој истакнува дека е потребна и планирана фискална консолидација, која буџетскиот дефицит и јавниот долг ќе го сведат под мастришкиот критериум на среден рок, а наведува и дека задолжувањето е оправдано, доколку истото продуцира повисоки стапки на економски раст. (more…)
Останато
Во последниот квартал од 2020 година имало 151.972 невработени од вкупно 941.524 активни лица


Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2020 година, активното население во Република Северна Македонија изнесувало 941.524 лица, од кои вработени биле 789.552, а 151.972 лица се невработени. (more…)
- Анализипред 2 months
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Банкипред 2 weeks
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 4 hours
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје