Домашни банки
Кристина Погачник Костовска назначена за одговорно лице за контакт со инвеститори на Стопанска банка а.д. Битола


Согласно член 69 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола со број 02-19821/1 од 11.11.2020 година, Надзорниот одбор на Банката на својата 25 седница одржана на ден 29.12.2020 година донесе Одлука за назначување на Кристина Погачник Костовска како одговорно лице за контакт со инвеститори на Стопанска банка а.д. Битола.
Кристина Погачник Костовска е Раководител на Службата за контролинг. Заменик одговорно лице за контакт со инвеститори на Стопанска банка а.д. Битола е назначена Христина Ѓоргиевска, Самостоен стручен соработник за планирање и контролинг.
Функцијата одговорно лице за контакт со инвеститори на Стопанска банка а.д. Битола ќе ја вршат и членовите на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола во ситуации кои налагаат вклучување на повисокиот менаџмент на Банката во односи со инвеститори.
Домашни банки
Стопанска банка а.д. Битола започна со предвремена исплата на јануарските пензии


Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери кои својата пензија ја примаат преку Стопанска банка а.д. Битола и се корисници на картички, дека можат да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денес (26.01.2021 година). (more…)
Домашни банки
УНИБанка од денес започнува со предвремена исплата на јануарските пензии


УНИБанка АД Скопје со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, известува дека овозможи исплатата на пензијата за месец јануари на трансакциска сметка да биде денес, на (26-ти јануари 2021 година). (more…)
Домашни банки
Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на јануарските пензии


Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионеридека пензиите за месец јануари од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!