Connect with us

Business Man

Кристиан од Big heart преку претприемништво им помага на луѓето со потешкотии

Објавено

на

Предизвикот на Big heart како социјално претпријатие е да се грижи за кариерата на артистите (музичари, актери, комичари, магионичари) и истите ќе ги промовира во медиумите, а дополнително и ќе обезбедува настапи за секој од нив. Уметниците ќе бидат амбасадори на социјалната мисија на претпријатието, која е борба против стигмата кон лица со ментални болести и попречености.

Мисијата на претпријатието е предвидена да се постигне така што уметниците ќе се едуцираат за менталното здравје, а воедно ќе одржуваат свои настапи во психијатриски болници, па така ќе се стави акцент на запознавање со предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост, , работно ангажирање на лица од ранливи категории, промоција на екологија и хумани вредности.

Кристиан Шопов одвои време и ни ја објасни неопходноста да се помага на луѓето со потешкоти.

Банкарство.мк: Вработувањето на инвалидни и/или хендикепирани лица е табу тема кај Македонските компании, бидејќи за жал ретко која компанија се одлучува да ги вработи. Вашата компанија е пример за социјална и општествена одговорност и една од ретките која вработува хендикепирани лица. Во Вашиот тим имате момче со оштетен слух и девојка со физичка попреченост. Колку е важно лицата со посебни потреби и ограничени можности да се интегрираат во деловното работење со оглед дека многу често се дискриминирани од општеството и пред се компаниите?

Кристиан: Вработувањето на лица со физичка попреченост а воедно и сите останати ранливи групи на луѓе е од особена важност за нашата држава бидејќи на тој начин сведочиме дека нашата татковина нуди еднакви можности за сите нејзини граѓани. Секој човек има огромен потенцијал во себе и заслужува да може истиот да го реализира и да живее од него. За жал во нашата држава сведоци сме дека постојат предрасуди кон лицата од ранливите групи луѓе но според мене тие предрасуди се само илузија. Не значи доколку некој има поразлична животна приказна од онаа на просечниот граѓанин дека е не способен да работи или дека треба да се гледа поинаку на него. Верувам во свет во кој има можности за сите луѓе без разлика на било што, бидејќи среќата според мене треба да биде загарантирано право за секој човек без разлика на било што.

Банкарство.мк: Добитник сте на наградата за Социјално Претприемништво 2018. Колку ваквата финансиска инекција е значајна за развој на една стартап бизнис идеја?

Кристиан: Не да е значајна, презначајна е. Парите се секако добредојдени и ќе претставуваат како ветер во едрата на нашиот социјален бизнис брод но уште од поголемо значење е признанието на стручната жири комисија. Самото признание дава охрабрување и стимул за понатамошно творештво. Признанието воедно отвара можности за нови соработки.

Банкарство.мк: Постоите веќе една година и се соочувате со многу предизвици, но и успешни проекти. Во моментов соработувате со Пакомак и работите на на Еко Магичен Караван и правите еко претстави за деца. Што е целта на овој проект? Кои се Вашите планови за идни соработки за поголеми проекти?

Кристиан: Целта на проектот со еко караванот со еко магионичарската претстава е на еден забавен, уникатен, интерактивен начин да се потркене свеста кај најмладите, кај децата на возраст од 6-10 години да станат свесни за важноста од селектирањето на отпадот и како истото да го практикуваат. Децата преку претставата учат како да создадат почист свет. Што се однесува до идните проекти предлагам да оставиме иднината да го даде одговорот на моите сегашни планови.

Банкарство.мк: За остварување на големи успеси и работење на големи проекти, потребно е да имате и добар тим. Колку уметници моментално има во компанијата и во кој сектор?

Кристиан: Јас сум илузионист и менаџер на компанијата. Инаку сум дипломиран економист на департман маркетинг. Мој деловен асистент е Ивана која се соочува со животен предизвик физички хендикеп. Таа е задолжена за договарање на настапите преку телефон и е-маил. Таа е моја десна рака. Јас сум вработен, а во моментов тече постапка за вработување на Ивана. Сите останати соработници се ангажираат по потреба за нашите проекти. Инаку продукциската куќа во моментов има само еден артист тоа сум јас и така ќе биде заклучно со оваа 2018 година. Следна година семејстовто на артисти ќе се прошири.

Банкарство.мк: Покрај претставите со Пакомак, дали во моментов имате и други и претстави? Колку претстави сте имале до сега и која била нивната содржина?

Кристиан: Настапувам на приватни забави, настани на комапнии. До сега сум имал огромен број на настапи и содржината била забавна. Едукативниот момент во претставите е нов концепт за мене иако во минатот експериментирав со истиот но дури сега после 14 години настапување како илуионист успешно го имплементирав истиот.

Банкарство.мк: Како личност која ги исполнува своите визии и притоа успева да направи и влијание во општеството преку нивна реализација, што имате да им порачате на нашите читатели?

Кристиан: Да не се измачуваат барајќи материјални минливи работи, туку првин да го бараат Бога а сето останато ќе им се додаде во животот.

Business Man

Глигор Дачевски од dоXteam – водечкa компаниja за развој на софтверски решенија

Објавено

на

DоXteam е една од водечките компании за развој на софтверски решенија во Македонија, чиј основач и директор e Глигор Дачевски. Формирана е во 2008 година. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Јане Заевски: „Храна за сите“ има за цел да ја врати изгубената вредност на храната

Објавено

на

,,Храна за сите’’ е прва платформа за продажба, промоција и донација на храна која што угостителските објекти сметаат дека нема да ја продадат во текот на денот за пониски цени и до 80% од регуларните.  (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange