Connect with us

Странски банки

Кристалина Георгиева нова директорка на ММФ

Објавено

на

Управниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд ја одобри Кристалина Георгиева за извршен директор на таа институција, откако на сослушувањето таа ги убеди дека е соодветна за позицијата. Бугарката Кристалина Георгиева на оваа функција ќе ја замени Кристин Лагард, која поднесе оставка за да го преземе раководењето со Европската централна банка.

Огромна е одговорноста да се биде на чело на ММФ во време кога глобалниот економски раст продолжува да биде фрустрирачки, трговските тензии продолжуваат и долговите се на историско високо ниво. Наш непосреден приоритет е да им помогнеме на земјите да го минимизираат ризикот од кризи и да бидат подготвени да се справат со кризите. Притоа, не смееме да заборавиме на нашата долгорочна цел – поддршка на стабилни монетарни, фискални и структурни политики за градење посилни економии и подобрување на животот на луѓето. Тоа исто така значи и решавање на прашања, како што се нееднаквост, климатски ризици и брза технолошка промена“, изјави Георгиева.

Таа досега беше извршен директор на Светската банка и е втора жена што ја предводи ММФ по заминувањето на Лагард. Од 1 февруари 2019 година до 8 април 2019 година Георгиева беше привремен претседател на Групацијата на Светската банка. Како привремен претседател Георгиева беше одговорна за напорите на групата на Светската банка да стави крај на екстремната сиромаштија до 2030 година и да го зајакне споделениот просперитет во целиот свет.

Како извршен директор на Светската банка, која ја сочинуваат Меѓународната банка за обнова и развој и Меѓународната асоцијација за развој, Георгиева има изградено поддршка во меѓународната заедница за мобилизирање на ресурсите за сиромашните и за средните приходи и за создавање подобри можности за повеќето ранливи групи луѓе во светот.

Странски банки

JP Morgan Chase е доминантна банка на пазарот на благородни метали

Објавено

на

Во текот на 2020 година, „JP Morgan Chase” имаше рекордни приходи од трговијата со скапоцени метали, околу една милијарда долари и далеку ги надмина своите ривали. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

#EdgarsChristmas (Божиќот на Едгар): Посебна божиќна реклама за оваа невообичаена година

Објавено

на

Веќе трета година по ред, Групацијата Ерсте подготви анимирана реклама посебно наменета за божиќните празници, што несомнено ќе Ви го привлече вниманието со својата креативност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка обезбеди 12 милијарди долари за борба против Ковид-19

Објавено

на

Светската банка издвои 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцина против коронавирусот, како и за тестови и лекови за борба против ковид-19, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас на состанокот на министрите за финансии на Г20 и централните банки во петокот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно