Connect with us

Странски банки

Кристалина Георгиева: Економиите треба да бидат поотпорни на можни шокови

Објавено

на

„Прерано е да се процени дали светот се соочува со долг период на висока инфлација”, изјави шефицата на ММФ Кристалина Георгиева, предупредувајќи дека неотпорноста на економиите на идни шокови може да доведе до големи проблеми.

„Владите и централните банки мора внимателно да ја приспособат фискалната и монетарната политика во 2022 година, така што општите намалувања на мерките за поддршка и зголемувањето на клучните каматни стапки не го загрозуваат закрепнувањето”, изјави извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд.

Според неа, „околностите се многу променети во споредба со 2020 година, првата година од пандемијата, кога министрите за финансии и гувернерите на централните банки ги координираа и синхронизираа мерките, така што денешните потези бараат поголема специфичност”.

„Инфлацијата трае подолго и зајакна повеќе од очекуваното поради прекините во синџирите на снабдување, неочекувано силната побарувачка за стоки и климатските шокови кои се одразија на цените на храната”, рече Георгиева.

На прашањето дали овие околности и ескалацијата на кризата во односите меѓу Русија и Западот поради Украина може дополнително да го продолжи периодот на висока инфлација, таа одговори дека се уште е рано да се проценува.

„Можеме да очекуваме свет подложен на шокови. Поголемото инвестирање во отпорноста на луѓето, економијата и животната средина ќе помогне да се отворат повеќе можности за нови работни места и просперитет”, рече Георгиева, додавајќи дека „ако не се контролира, изгледите ќе бидат помрачни, што ќе резултира со повеќе неочекувани настани за кои нема да бидеме подготвени”.

Таа смета дека владите не се добро подготвени да се справат со повеќе кризи одеднаш.

„Пандемијата на Ковид-19 останува најголемиот ризик со кој се соочува глобалната економија, па затоа е императив да се засилат напорите за подобрување на опфатот со вакцинација во земјите со ниски приходи и да се исполни целта од 70 проценти на вакцинирани луѓе во земјите низ светот до средината на 2022 година”, рече Георгиева.

Минатата недела ММФ значително ги намали прогнозите за Соединетите Американски Држави, Кина и глобалната економија, предупредувајќи и на ризиците кои носат неизвесност поврзана со пандемијата, инфлацијата, прекините на снабдувањето и заострената монетарна политика во САД.

Странски банки

ЕБОР ја намали прогнозата за раст на македонската економија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој ја намали прогнозата за економски раст за Македонија за 0,3 проценти. Во последниот извештај за регионалните економски состојби, ЕБOР за Македонија ја намали прогнозата од 3% на 2,7% економски раст. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка: Со трговската диверзификација и отвореност до подобри работни места, поголем економски раст во Северна Македонија

Објавено

на

Недостигот на трговска диверзификација и концентрацијата на извозот ја ограничуваат улогата на трговијата во економијата на Северна Македонија, со стапки на раст континуирано под оние на ЕУ и другите земји од Западен Балкан. Доколку сака да создаде квалитетни работни места, да ја намали сиромаштијата и да го подобри животниот стандард на луѓето, економијата на земјата треба да стави поголем акцент на трговската диверзификација и отвореност, забележува меѓу другото новиот извештај на Светска банка, Стратегија за трговска политика 2.0 за Северна Македонија што беше презентиран денеска во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарската централна банка ја зголеми референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени

Објавено

на

Швајцарската централна банка ја зголеми референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени, што е второ зголемување во претходните 15 години. (more…)

Продолжи со читање

Популарно