Криптовалути
КРИПТОИЗМАМИТЕ РУШАТ РЕКОРДИ – Од почетокот на 2021 година, повеќе од милијарда долари се украдени со крипто-измама


Од почетокот на 2021 година, повеќе од 46.000 луѓе пријавиле дека изгубиле повеќе од 1 милијарда долари во измама со криптовалути, се наведува во новиот извештај на американската Федерална трговска комисија на САД (FTC), пренесува „Reuters“.
Скоро половина од луѓето кои пријавиле загуби на дигитални валути велат дека измамата започнала со рекламирање, објавување или известување на социјалните мрежи, според експертите на комисијата.
Лудилото за криптовалути беше во полн ек минатата година, кога цената на биткоинот достигна рекордно високо ниво од 69.000 долари во ноември.
Во извештајот се наведуваат социјалните мрежи и криптовалутите како главна комбинација за измама. Според агенцијата, околу 575 милиони долари од сите загуби поврзани со измама со криптовалути се поврзани со лажни можности за инвестирање.
Скоро четири од секои десет долари изгубени во измама на социјалните мрежи биле поврзани со криптовалути – многу повеќе од кој било друг начин на плаќање. „Instagram“, „Facebook“, „WhatsApp“ и „Telegram“ се водечките платформи што ги користат сајбер-криминалците.
Просечната пријавена загуба за поединец е 2.600 долари, а биткоинот, тетерот и етерот се криптовалутите што луѓето најчесто ги користат за да им платат на измамниците.
Пријавените загуби во 2021 година беа речиси 60 пати повисоки од оние пријавени во 2018 година. Според FTC, бидејќи крипто средствата не се централизирани во банка, не постои субјект што ќе пријави измама или сомнителна активност, а трансакциите не можат да се вратат.
FTC сподели неколку совети за да им помогне на луѓето да избегнат идни измами, вклучително и избегнување гарантиран профит и високи приноси: „Ниту една инвестиција во криптовалути не гарантира заработка, особено не голема заработка“.
Криптовалути
Ќе се формира нов регулатор кој ќе биде одговорен за регулирање на индустријата за криптовалути


Европската унија (ЕУ) планира да создаде шеста „организација против перење пари“ која ќе биде конкретно одговорна за регулирање на индустријата за криптовалути. (more…)
Криптовалути
Криптовалутите повторно во пораст


Цената на биткоинот повторно се намали откако во изминатите 24 часа го достигна највисокото ниво од средината на јуни, поради оптимизмот дека инфлацијата полека се намалува. (more…)
Криптовалути
(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?


Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје