Connect with us

Криптовалути

КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОАТРАКТИВНИ, ги засенуваат и акциите и другите хартии од вредност!?

Објавено

на

Велика Британија и Лондонската берза се центарот на инвестирањето и речиси се рамо до рамо со најпознатата светска берза Волстрит во Њујорк.

Иако, изминативе години неприкосновени на тргувањето на березата во Лондон беа акциите и останатите хартии од вредност, тој тренд полека но сигурно се менува. Во Велика Британија, минатата година, седум проценти од возрасните граѓани инвестирале во криптовалути, додека само пет проценти инвестирале во традиционални берзански средства и инвестиции засновани на капитал (ИСА), покажува истражувањето на британската инвестициска компанија „AJBell”.

„Бидејќи се повеќе и повеќе луѓе купуваат криптовалути отколку што вложуваат на ИСА, заклучокот е дека светот е зафатен од крипто лудило”, смета Лаит Халаф, финансиски аналитичар во „AJBell”, за резултатите од истражувањето.

Според таа студија, британските крипто-инвеститори се претежно мажи и под 35 години.

Повеќе од 70 проценти од оние кои изјавиле дека купиле криптовалути, рекле дека оствариле профит, додека 12 проценти објавија загуба минатата година. Во исто време, 17 проценти од испитаниците изјавиле дека не знаат дали оствариле профит или загуба со своите крипто инвестиции.

Криптовалути

PayPal стартува со купопродажба на криптовалути во Велика Британија

Објавено

на

„PayPal Holdings Inc” (PYPL.O) ќе им овозможи на клиентите во Велика Британија да купуваат, продаваат и чуваат биткоини и други криптовалути почнувајќи од оваа недела, соопшти компанијата, пренесува „Reuters”. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот достигна 50.000 долари, највисоко ниво во последните три месеци

Објавено

на

Биткоинот го продолжи трендот на закрепнување, достигнувајќи вчеравечер вредност од 50.000 долари, наведе „CoinDesk“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Најголемата фудбалската суперѕвезда Лионел Меси, дел од парите од ПСЖ ќе ги добива во криптовалути!?

Објавено

на

По долго време заврши трансфер сагата на најголемата фудбалска суперзвезда Лионел Меси, кој и покрај желбата да остане во својот омилен клуб Барселона, на крајот беше речиси приморан да ги промени клупските бои и да се пресели во Париз Сен Жермен. (more…)

Продолжи со читање



Популарно