Connect with us

Криптовалути

Криптовалутите се замена за златото, а не за доларот

Објавено

на

Претседателот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел изјави дека криптовалутите остануваат нестабилни чувари на средства и дека централната банка не брза да воведе конкуренти.

„Тие се многу непостојани и неконзистентни, па затоа не се корисни залихи на вредност и ништо не ги поддржува“, рече Пауел за време на дискусијата на виртуелен панел за дигиталното банкарство организирана од Банката за меѓународни порамнувања.

„Криптовалутите се повеќе шпекулативно средство кое во основа е замена за златото, а не за доларот“, истакна Пауел.

Тој зборуваше на денот кога биткоинот доживеа корекција, но сепак се движеше близу 57.000 американски долари за еден биткоин. Криптовалутата нагло се зголеми во текот на изминатите седум месеци во услови на наплив на трговска активност и растечко прифаќање во финансиската индустрија.

Во последните неколку години, ФЕД работеше на сопствен систем на плаќање што овозможува побрзи трансфери на пари, а откривањето на крајниот производ најверојатно ќе се случи во следните две години.

Криптовалути

PayPal стартува со купопродажба на криптовалути во Велика Британија

Објавено

на

„PayPal Holdings Inc” (PYPL.O) ќе им овозможи на клиентите во Велика Британија да купуваат, продаваат и чуваат биткоини и други криптовалути почнувајќи од оваа недела, соопшти компанијата, пренесува „Reuters”. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот достигна 50.000 долари, највисоко ниво во последните три месеци

Објавено

на

Биткоинот го продолжи трендот на закрепнување, достигнувајќи вчеравечер вредност од 50.000 долари, наведе „CoinDesk“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Најголемата фудбалската суперѕвезда Лионел Меси, дел од парите од ПСЖ ќе ги добива во криптовалути!?

Објавено

на

По долго време заврши трансфер сагата на најголемата фудбалска суперзвезда Лионел Меси, кој и покрај желбата да остане во својот омилен клуб Барселона, на крајот беше речиси приморан да ги промени клупските бои и да се пресели во Париз Сен Жермен. (more…)

Продолжи со читање



Популарно