Криптовалути
Криптовалутите повторно во пораст

Цената на биткоинот повторно се намали откако во изминатите 24 часа го достигна највисокото ниво од средината на јуни, поради оптимизмот дека инфлацијата полека се намалува.
Биткоинот достигна највисока вредност во последните 30 дена и се тргуваше по цена од 25.135 американски долари, пред да ја намали својата вредност. Во моментов тој се тргува по цена од 24.118 американски долари, според „Coinmarketcap“.
Биткоинот е децентрализиран криптовалутен систем базиран на блокчејн технологија што може да биде „ископан“ од секој корисник што учествува во системот. Ова бара создавање на нови блокови во системот.
Концептот на системот беше објавен во ноември 2008 година од неговиот автор (веројатно тим на автори) под псевдонимот Сатоши Накамото.
Втората најпозната криптовалута, Етериумот ја намали својата вредност за 4,21% и во моментов се тргува по цена од 1.911 долари, откако во изминативе 24 часа го достигна месечниот максимум пробивајќи ја границата од 2.000 долари, при што се тргуваше по цена од 2.022 американски долари. За минатиот месец, неговото зголемување беше околу високи 70% – најдобро од јануари 2021 година.
Иако, изминатиов период криптовалутите генерално бележат раст, сепак тие се далеку од максималното ниво кое го достигнаа во ноември претходната година.
Криптовалути
БИТКОИНОТ ЌЕ ДОСТИГНЕ ДО 100.000 ДОЛАРИ – Криптозимата заврши!?

Најпознатата криптовалута биткоин би можела да достигне вредност од 100.000 долари до крајот на 2024 година. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
Криптовалути
Премиерот Ковачевски апелира: Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја!

Премиерот Димитар Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје