Connect with us

Криптовалути

КРИПТОВАЛУТИТЕ ВО ОГРОМЕН ПОРАСТ – Која е причината!?

Објавено

на

По вчерашниот тотален колапс на пазарот на криптовалути, утрово можеби неочекувано, но речиси цел крипто пазар е во голем пораст.

Откако во текот на вчерашниот ден сите криптовалути ја загубија својата вредност за повеќе од 15 проценти, во последните 24 часа забележително е благо закрепнување на крипто пазарот.

Најпознатата светска криптовалута, Биткоинот утрово се тргува по цена од 38.500 американски долари, со што ја зголеми вредноста за високи 10 проценти. Биткоинот практично ги врати сите загуби од претходниот ден.

Висок пораст има и кај етериумот, кој се тргува по цена од околу 2.630 долари и бележи пораст од 11,23%. Во текот на вчерашниот ден, етеериумот забележа пад на вредноста од повеќе од 15 проценти.

И помалите криптовалути бележат пораст на вредноста кој се движи од 8 до 15%, а поединечни криптовалути бележат раст и над 30%.

Но, која е причината за порастот на крипто пазарот, кога ситуацијата во Украина не е стабилизирана и руската армија се подлабоко навлегува низ целата украинска територија.

Една од најголемите причини е масовното вложување на руските милијардери во криптовалути. Откако, во текот на вчерашниот ден беа воведени големи санкции од голем број европски и светски држави против Русија и нејзините граѓани, руските милијардери побрзаа своето богатство да го префрлат во криптовалути со цел да не дојде до замрзнување на нивните банкарски сметки во најголемите светски банки. Тоа придонесе до висок пораст на криптовалутите.

Другата причина е што криптовалутите се новото сигурно прибежиште во услови на криза и дестабилизација на светската економија, кои полека но сигурно ги заменуваат досега неприкосновените благородни метали.

Криптовалути

Бил Гејтс: Криптовалутите се измама за будали

Објавено

на

Американскиот милијардер Бил Гејтс не е фан на криптовалутите и NFT. Основачот на „Microsoft” на конференцијата „TechCrunch” изјави дека криптовалутите се една голема измама. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

ЦРН ДЕН ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ – Биткоинот на најниско ниво од декември 2020 година

Објавено

на

Биткоинот во текот на вчерашниот ден падна на најниско ниво дури од декември 2020 година, бидејќи падот на берзите продолжува крајно негативно да влијае и на криптовалутите, чие тргување ги следи таканаречените поризични средства, како што се акциите на технолошките компании. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Најголемата платформа за трговија со криптовалути BINANCE привремено ги запре исплатите во биткоини

Објавено

на

„BINANCE”, најголемата светска дигитална платформа за тргување со криптовалути, соопшти дека привремено ги прекинува плаќањата во биткоини поради, како што наведува, „застој во трансакциите”. (more…)

Продолжи со читање


Популарно