Connect with us

Криптовалути

Криптовалутата Libra под истрага на Европската Комисија

Објавено

на

Веста дека Фејсбук ќе создаде своја криптовалута, односно ќе подигне потполно независна платформа за дигитални плаќања, ја разбранува јавноста во политичкиот и бизнис секторот, односно ги заинтересира законодавците и регулаторите. 

Неодамна по првата најва дека ќе ја лансира криптовалутата Libra прв се огласил американскиот Конгрес со упатсво до Фејсбук да не презема никакви понатамошни чекори додека нивните одбори не прегледаат за што конкретно се работи.  Потоа, се јавило и здружението за заштита на податоци кое изразило грижа дека Фејсбук, познат по пропустите во ова подрачје би можел дополнително да ја загрози приватноста на корисниците на новата криптовалута.

Покрај овие негативни реакции стигнала и истрагата од Европската Комисија.

Според документите кој на увид ги добил Bloomberg, ЕК истажувала за потенцијалното нарушување на правото на пазарот. Во комисијата се загрижени дека Libra може да ја блокира конкуренцијата кога е во прашање размена и користење на приватни податоци од нејзините корисници.

Фејсбук ја сметал својата работна сила која може од дигитално плаќање со Libra да ја елиминира конкуренцијата на начин кој не е дозволен во Европската Унија. Фејсбук која ја најавуваше Libra рече дека таа ќе биде под ингеренција на швајцарската влада бидејќи седиштето на Libra Association ќе биде во Женева. Во Република Швајцарија, пак, до сега не добиле никакви информации за овој план и ги очекуваат до крајот на овој месец.

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Бесими: Користењето на „крипто валутите“ ќе се уредува со закон

Објавено

на

„Користењето на виртуелните средства со вредност познати како „крипто валути“ ќе се уредува со закон. Во моментов Министерството за финансии заедно со Управата за финансиско разузнавање како и финансиските регулатори и супервизори работат на утврдување на сите аспекти што произлегуваат од овој нов феномен. Решенијата ќе бидат имплементирани во новиот Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам“, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими на настанот организиран по повод означување на почетокот на проектот „Зајакнување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање на Република Северна Македонија“, финансиран од Кралството Холандија. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Започнува со работа првата крипто-берза во Босна и Херцеговина

Објавено

на

Првата крипто-берза во БиХ ќе започне со работа на 14 септември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно