Connect with us

Криптовалути

Криптовалутата на Facebook – “Либра” ги загрозува другите криптовалути

Објавено

на

Истражувањата покажуваат дека веќе постои големо интересирање за новата валута од која се очекува да му конкурира на “Биткоин”, а покрај тоа што во компанијата е изгубено верувањето, барем кога е приватноста во прашање.

Се дошло до заклучок дека многу веќе знаат за сеуште неактивната Либра криптовалута, а поради присутноста во медиумите, посебно после негативната кампања која ја покренал Доналд Трамп. По неговата изјава за криптовалутите се запознала потполно нова публика, а пред се со Биткоин и Либра за кои се зборувало.

Утврдено е дека за “Биткоинот” слушнале 58% од граѓаните нс САД, а за “Либра” до сега 16% – само за еден месец откако се слушнало за неа. Додека “Етериум” – е втора најголема криптовалута – таа ја знаат 12% граѓани кои за неа слушнале во јули 2015та година, а помалку познати се “Лајткоин” и “Рипл”.

Од друга страна, истражувањата покажуваат дека голем број корисници не му веруваат на Facebook кога се во прашање финансиските трансакции, бидејќи се работи за скандал за протекување на кориснички податоци, останува да видиме како медиумската видливост на криптовалутата Либра со тек на време ќе ги претрка веќе постоечките криптовалути.

Криптовалути

Централните банки ги испитуваат ефектите од можно воведување на дигитални валути

Објавено

на

Најголемите светски централни банки се здружија со цел да истражат дали е неопходно да се издадат криптовалути. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Како банкарската крипто револуција ќе дојде од Швајцарија?

Објавено

на

Швајцарија која важи за една од најдобрите држави за чување и управување со личното богатство се повеќе ќе се насочува кон употреба на криптовалута како нов и модерен начин за задржување на приватноста на корисникот.

Водејќи се од таа помисла новата банка SEBA Bank AG до седиште во Цирих и глобални лиценци ги истакна своите амбиции за употреба на криптовалутите.

Една од главните услуги на SEBA Bank AG е издавањето на дебитна картичка која благодарение на напреден софтвер може да прави плаќања и во традиционални валути и во модерни како биткоин и инстантно да ја направи конверзијата.

Со истата картичка на SEBA покрај мобилни плаќања и трансфери може да се прават трансакции за тргување на повеќе криптоберзи на кои се менуваат вредностите на различни финансиски продукти и криптодеривати.

Визијата на основачот Гидо Булер ја споделуваат и голем број на ангел инвеститори бидејќи досега неговата банка има собрано 100 милиони франци финансирање за само 2 месеци.

Швајцарија се повеќе развива позитивна крипто клима. Falcon Group во изминатите три години веќе овозможува управување со биткоин средства за корисниците.

Швајцарскиот стартап Bitcoin Suisse  исто така аплицираше за глобална лиценца во Швајцарија со што ќе може да работи од комерцијално банкарство, до чување на валути и понуда на крипто услуги.

Предностите на крипто банките кои се во самиот зачеток е брзината на отворање на сметка, издавање на дебитна картичка и бројни бенефиции во делот на приватноста и ефикасноста во тргувањето со криптодеривати.

Според Булер овие предности се повеќе ќе ги привлекуваат инвеститорите кои сакаат да го избегнат физичкиот ризик од располагање со криптовалутите, нивно чување и управување.

Визијата на швајцарските крипто банкари е нивните услуги да се пренесат и кон генералното население со поголемата употреба на криптовалутите, наместо како сега на помала група на инвеститори и иноватори.

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот е непроценлив како валута

Објавено

на

Вреднувањето на биткоинот дека претставува криптовалута која е непроценлива е многу важен атрибут, особено во земји како Аргентина и други каде во моментов расте интересот за признавање и воведување на криптовалутите како платежно средство. (more…)

Продолжи со читање

Популарно