Connect with us

Колумни

Криминалците ја користат кризата Covid-19 за финансиски криминали

Објавено

на

Пандемијата COVID-19 доведе до невидени глобални предизвици, човечко страдање и економско нарушување. Огромен број на канцелариски работници на глобално ниво може да работат од дома, вклучително и до 90% од банкарските и осигурителните работници. Повеќето од овие вработени се најавуваат на системите на нивните фирми од далечина, присуствуваат на состаноци користејќи ја технологијата, и имаат пристап до податоци кои што не се јавни преку Интернет – понекогаш преку домашни компјутери и приватни уреди. Бидејќи клиентите на повеќето финансиски институции, исто така, остануваат дома, вршењето финансиски трансакции преку Интернет станува не само погодност, туку и неопходност.

Овој начин на функционирање ја зголемува можноста на криминалците да ја искористат ранливоста и да извршат финансиски криминали, вклучувајќи измама, компјутерски криминал, погрешно насочување или експлоатација на владини фондови или меѓународна финансиска помош, што создава нови извори на приходи за криминалците.

“Перачите” на пари исто така можат да ја искористат зголемената потреба на финансиските институции да ги идентификуваат своите клиенти преку Интернет. Во нормални услови, сајбер нападите и прекршувањата на АМЛ регулативите ги изложуваат финансиските институции на значителни оперативни и репутативни ризици. Во исклучителни околности, како сегашните, тие ризици би можеле дополнително да се влошат.

Работните аранжмани од дома со пристап од далечина до корпоративните мрежи значително ги зголемија нападите на сајбер криминалците. Одредени податоците покажуваат дека сајбер- заканите поврзани со Covid-19 се во пораст. Постојат податоци дека нападите со откупнина (ransomware attack) се зголемени за 148% во март 2020 година во однос на нивото во февруари 2020 година. Меѓу различните сектори, секторот за финансии беше главна цел, со раст од 38% во компјутерски напади против финансиски институции. Слично на тоа, идентификувани се над 1.500 домени со висок ризик создадени на или по 1 јануари 2020 година, содржејќи ги во своето име и Covid-19 и одредена финансиска тема. Гугл, во меѓувреме објави дека се испратени 240 милиони дневни спам пораки поврзани со Ковид-19.

Постојат неколку активности кои што можат да се идентификуваат а кои што се поврзани со COVID-19:

1. Измами со упад – се обидуваат да побараат донации, да украдат лични информации или да дистрибуираат малициозен софтвер со импонирање на владини агенции (на пр., Центри за контрола и спречување на болести), меѓународни организации (на пр. Светска здравствена организација) и сл.

2. Измами за инвестиции – Инвеститорите мора да бидат претпазливи во измамите поврзани со инвестициите во врска со Covid-19, како што се промоции кои лажно тврдат дека производите или услугите на одредени компании можат да спречат, откриваат или лекуваат коронавирус.

За време на превентивните ограничувања во моментот, финансиските институции и нефинансиските бизниси кои не можат да го потврдат физички идентитетот или да вршат физичко чување на оригинални документи, можат да развиваат и применуваат неконвенционални методи на задоволително познавање и проверка на клиентите, но мора да ги документираат нивните процеси. Понатаму, финансиската неволја на клиентите може да бара нетипично трансакциско однесување како што се парцијални порамнувања на сметки. За таа цел, институциите мора внимателно да ги анализираат плаќањата за да разликуваат некарактеристично, но легитимно однесување од навистина сомнително однесување. Исто така институциите мора да продолжат да употребуваат приоритет на ризик т.е да продолжат да ги оценуваат профилите на ризик, производите и услугите на клиентите, базите на клиенти и деловните односи, истовремено да бидат повнимателни кон зголемениот ризик од финансиска измама, компјутерски криминал и слични недозволени активности.

Институциите мора да продолжат со користење на ефективни системи и контроли на одржување на интегритетот на финансискиот пазар. Тие мора да бидат претпазливи на развојот на типовите на криминал и мора да бидат подготвени да ги изменат своите контроли за да одговорат на новите закани.

Христијан Блажовски – специјалист за спречување перење пари

Колумни

Што се припејд картички и како се користат за нелегални активности?

Објавено

на

По терористичките напади во Париз и Брисел, кои првенствено беа финансирани преку виртуелни валути и “анонимни” припејд картички, беше одлучено дека е потребна поголема контрола над овие видови плаќања. Фокусот е да се регулираат виртуелните валути и анонимни при-пејд картички, додека се подобруваат заштитните мерки за финансиски трансакции од и до земји со висок ризик. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Колумна на Игор Давков: Сидрото на финансиската стабилност

Објавено

на

Во ниту едно законодавство, барем не во оние земји од западниот свет, не е напишано дека над поединечна банка не може да се отвори стечај доколку не ги исполнува минималните законски барања. Само оваа година, во ЕУ се затворија десетина банки. Она што е важно е да не се наруши финансиската стабилност. Акционерите се одговорни за тоа дали капиталот на банката е адекватен на ризиците што банката ги презема во своето работење. Банките, како пазарни субјекти, може да одобруваат и поризични пласмани, вклучително и со послабо обезбедување, но тоа нужно бара поголем капитал. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Спортот како алатка за перење на пари

Објавено

на

Финансиската глобализација и огромната популарност на спортот ја зголемуваат ранливоста на спортската индустрија од корупција, перење на пари, затајување на данок итн. (more…)

Продолжи со читање

Популарно