Connect with us

Останато

Криминалците перат 4,5 трилиони долари годишно, надлежните се немоќни

Објавено

на

Канцеларијата за дрога и криминал на САД проценува дека глобалното перење пари изнесува 4,5 трилиони долари и одговара на 2 до 5 проценти од глобалниот БДП, се вели во специјалниот извештај за борба против криминалот и корупцијата.

Лидерите на финансиската контрола низ целиот свет признаваат дека сегашната рамка за пријавување сомнителни активности не е доволно ефикасна.

Некои земји од ЕУ се меѓу најдобрите во светот во спроведувањето технички препораки за борба против перење пари, но тоа не мора да доведе до импресивни резултати во тој блок.

Кредитните институции и банките се примарен извор на извештаи за сомнителни активности за сите единици за финансиско разузнавање во ЕУ, а следат паричните дознаки, се вели во извештајот.

Според Европол, националните разлики се очигледни затоа што во некои земји властите биле назначени за главни известувачи, а во други се на дното на списокот.

„Додека потрошувачите постојано се придвижуваат кон електронско плаќање и плаќања со картички, готовината сепак останува инструмент на извори на перење пари за криминалците“, рече Европол.

Методите за перење пари остануваат „генерално традиционални“ и покрај растот на компјутерскиот криминал, соопштуваат од Европол.

Приливот на шверц на пари до и од ЕУ е потежок за мапирање, делумно затоа што повеќето се откриени на аеродромите и зависат од промените во рутите за летање.

Европол посочува дека Швајцарија е на врвот на земјите во однос на влезните и излезните нелегални пари. Русија е, исто така, земја извор и дестинација за многу нелегални трансакции и „црни пари”, а Турција игра клучна улога во транзитот на готовина кон Блискиот исток. Кина, исто така, се вбројува меѓу дестинациите на криминалците за перење на пари, а Нигерија е истакната земја на потекло на „нелегалните пари”.

Останато

Бесими: Законот за буџет е готов и поставен на Енер

Објавено

на

Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер“. Секој може да се вклучи во јавната расправа. Се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви, информира денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот со Македонската банкарска асоцијација. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ФИТР: Отворен јавниот повик за иновациски ваучери – високообразовните институции се вклучуваат во развојот на домашната економија

Објавено

на

Од утрово е отворен јавниот повик за иновациски ваучери, наменет за воспоставување соработка во економски развој меѓу домашните компании и универзитетите и истражувачките центри. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЕБОР предвидува пад на економијата од дури 5 проценти годинава и раст од 3 проценти следната 2021 година

Објавено

на

„Брзината со која ќе има опоравување и раст ќе зависи од опоравувањето на економиите во земјите од еврозоната, но и од напредокот на домашните економски реформи, со кои би се подигнало нивото и квалитетот на јавните инвестиции и би се подобрил квалитетот на образованието за да се намали несоодветното ниво на вештини на пазарот на труд”, вели во интервју за МИА Анди Аранитаси, претставник на Европската банка за обнова и развој. (more…)

Продолжи со читање

Популарно