Connect with us

Останато

Кредитите од ЕИБ за мали и средни претпријатија со камата до 3,5 проценти

Објавено

на

На македонските мали и средни компании од денеска им е достапна поволна кредитна линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) што ќе се пласира преку Македонската банка за поддршка на развојот и 11 деловни банки.

Се очекува до крајот на месецот да бидат потпишани договорите со деловните банки, а од средината на следниот месец да почне и аплицирањето од компаниите за добивање кредити.

Кредитите ќе се доделуваат во транши од по пет милиони евра, а компаниите ќе можат да учествуваат со проекти во вредност од шест илјади евра до три милиони евра.

Кредитната линија ќе биде достапна во наредните две години, односно до повлекувањето на сите транши. Се очекува да биде понудена по пониски каматни стапки, односно со каматна стапка од околу 3,5 отсто и ќе има рок за враќање од 12 години со грејс-период од две до четири години во зависност од проектот.

Кредитната линија ќе може да се користи за инвестиции, набавка на опрема, градежни материјали, машини, транспортни средства, финансирање на обртни средства…

Заменик-директорот на ЕИБ, Ендрју МекДауел, истакна дека со оваа кредитна линија се поддржува приближувањето на земјава кон ЕУ и најави дека имаат намера во иднина да се фокусираат на поддршка на транспортот, енергијата и заштитата на животната средина.

– Како што се забрзува процесот на интеграција  со ЕУ присутноста на ЕИБ ќе се зголемува… Нашата поддршка во изминатите години придонела да се создадат околу 6.000 нови работи места во вашата земја во речиси 2.000 мали и средни компании, рече Мекдауел.

Досега вкупната поддршка од ЕИБ за земјава изнесува 450 милиони евра.

Останато

На повикот “СтартАПувај“, финансиран од ФИТР и Светската банка се пријавиле 186 компании

Објавено

на

Во Фондот за иновации и технолошки развој беа презентирани првичните резултати по завршената административна проверка на пристигнати апликации на јавниот повик за инструментот „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф – СтартАПувај“, финансиран од ФИТР и Светската банка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Уапсени членови на меѓународна група која ограби сефови во две македонски банки

Објавено

на

Обвинителството за организиран криминал отвори истрага против седуммина осомничени за ограбување сефови во две македонски банки, објави Сакам да кажам. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange