Анализи
Кредитите на домаќинствата зголемени за скоро 10% за една година

Граѓаните масовно се задолжуваат во банките за потрошувачки и станбени кредити. Економистите апелираат во вакви услови банките да бидат претпазливи при доделувањето на кредитите, бидејќи кога расте задолжувањето на граѓаните тоа значи дека нивните приходи не им стигнуваат да ги трошат за целите за кои ги планирале.
Вкупните кредити на домаќинствата во јуни годинава се зголемиле за еден процент на месечна основа, а за 9,7 % на годишна основа, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Анализирано според наменета на кредитите од физичките лица, кај најзастапената категорија, потрошувачките и станбените кредити, е евидентиран месечен раст од 1,3 %, односно 1,2 %, што на годишно ниво изнесува 11,1 % и 14,9 %.
Месечен пад од два процента е забележан кај автомобилските кредити и од 0,5 проценти кај негативните салда на тековните сметки, а по овие два основа на годишно ниво е остварен раст од 0,2 отсто односно 4,8 %. Во јуни годинава кредитите одобрени на кредитни картички се непроменети на месечна основа, а на годишно ниво бележат намалување од 0,8 %. Во јуни кај кредитите одобрени врз други основи е остварен месечен раст од 0,6 отсто при годишно намалување од 0,8 %.
– Вкупните кредити во Македонија во јуни годинава се зголемиле за 0,9 % на месечно ниво, што се должи на зголеменото кредитирање и во корпоративниот сектор и кај домаќинства, кои имаат речиси еднакво учество во месечната промена. На годишна основа кредитниот раст изнесува 6,2 %, во поголем дел од зголемено кредитирање на секторот домаќинство, кое учествува со 74,2 % во растот – истакнуваат од НБРМ.
Томе Неновски, професор на „Американ колеџ“, вели дека за таквите кредитни остварувања на банките причината е воздржаноста на банките од поинтензивно кредитирање на стопанството поради неизвесноста за идните општествено-економски случувања во земјата, што ја зголемува нивната претпазливост при пласирањето на своите средства имајќи ја предвид високата ризичност на пласманите во претпријатијата.
– Ризиците во одобрувањето кредити на домаќинствата, а особено за станбена изградба, се далеку помали отколку ризиците за одобрување кредити на стопанството во услови на неизвесност за негово дејствување – истакна Неновски.
Следните причини што доведуваат до зголемување на потрошувачките и станбените кредити, смета Неновски, се и помалата ризичност при кредитирањето на населението (подобра и поефикасна заштита од кредитен ризик), високата ликвидност на банките, која тие мораат некаде да ја ангажираат заради зачувување на својата профитабилност, потоа сѐ уште присутната атрактивност на каматните стапки на станбените кредити, но и зголемени потреби за финансирање на летните одмори.
– Исто така, големата разлика помеѓу приходите и потребите, делумно е и една од причините за зголемените кредити на населението, но првенствено се влијателни претходно наведените причини – објаснува Неновски.
Неодамна од институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ истакнаа дека семејства со вработени лица што земаат минимални плати, семејства со пензионери што земаат минимални пензии, и разни други структури на семејства, се соочуваат со голем недостиг од средства за да си ја „купат“ минималната потрошувачка кошница.
– Секако, овој недостиг може да го задоволат со земање кредити, а растот на потрошувачките кредити се должи токму на оваа разлика помеѓу приходот и потребите на семејствата, во комбинација со намалените каматни стапки на овие кредити – нагласуваат од „Фајненс тинк“.
Според официјалните податоци на Стопанска банка – Скопје и на НЛБ банка, минатата година нивната вкупна изложеност по ненаменски или потрошувачки кредити надминува 656 милиони евра и кај двете банки тој продукт е најбаран и со најголема стапка на раст во однос на 2016 година.
Анализи
Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Стопанска банка а.д. Битола

Врз основа на членовите 48 и 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор од 31.01.2019 година за свикување на Собрание на акционери, СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА (more…)
Анализи
Подготвени ли се банките во Македонија за имплементирање на двојазичноста?

Од моментот на стапување во сила на Законот за јазици, албанскиот јазик ќе добие проширена употреба. Покрај македонскиот, во институциите службен јазик станува и албанскиот, што ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните.
Анализи
Банки vs. Финтек компании: Кој ќе победи?

Дигитализацијата зема се поголем замав, притоа рапидно развивајќи се, но како “FinTech” компаниите се справуваат во споредба со големите традиционални банки?
Додека голем број банки се уште се потпираат на постоечките рачни процеси, многу “FinTech” компании ја прифаќаат моќта на вештачката интелигенција за справување со финансиските предизвици.
“Revolut” и “ClauseMatch”, организираа панел дискусии со водечките “FinTech” компании и банки, каде што ќе се прикажат некои од најновите технологии и ќе се дискутираат иновативни стратегии.
Експертите на панелот ќе разговараат за:
✅ Кој е поблиску до усогласеност – банки или “FinTech” компании?
✅ Улогата на технологијата: Колку може да се автоматизира? Што треба да се автоматизира, а што никогаш не треба да се автоматизира?
✅ Што мислат регулаторите за горенаведеното?
-
Кредитипред 3 недели
Остварете ги СИТЕ Ваши потреби, со ЕДЕН избор – MoneyMAX онлајн кредити
-
Анализипред 4 недели
НОВ БАНКАРСКИ РЕКОРД: Стопанска банка ја надмина магичната граница од 50 милиони евра профит?!
-
Кредитипред 2 месеци
Новогодишно изненадување – ТИГО НАГРАДУВА!
-
Лични финансиипред 2 месеци
10 добро платени работни места со скратено работно време
-
Криптовалутипред 2 месеци
JPMorgan издаде “драматично” предупредување за Биткоин
-
Криптовалутипред 2 месеци
„Facebook“ развива својa криптовалута
-
Останатопред 2 месеци
Еврото слави годишнина – 20 години постоење!
-
Колумнипред 2 недели
НОВА Е КОЛЕШКАТА!?