Connect with us

НБРМ

Кредитите и депозитите и натаму бележат раст

Објавено

на

Депозитите и кредитите и натаму бележат раст. Податоците на Народната банка покажуваат дека вкупните депозити оствариле годишно зголемување од 11,1%, додека кредитите за 9%.

Раст е забележан и кај депозитите и кај кредитите и на корпоративниот сектор и на домаќинствата.

Во текот на март на месечна основа кај депозтите има раст од 0,4 проценти во услови на раст кај двата сектора со поизразен придонес на секторот домаќинства.

Во март 2019 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се повисоки за 0,3 проценти на месечно ниво, што произлегува од зголемувањето на долгорочните денарски депозити, краткорочните депозити во странска валута и депозитните пари, што делумно е неутрализиран преку падот на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута.

На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор растат со 12,1 проценти, во најголем дел заради зголемувањето на депозитните пари и на краткорочните депозити во странска валута и во денари, при помал, но позитивен придонес и на долгорочните депозити.

Вкупните депозити на домаќинствата, бележат месечен раст од 0,2 проценти, што се должи на зголемувањето на долгорочните депозити во денари и во странска валута и краткорочните депозити во странска валута, во услови на остварен пад кај депозитните пари. Стапката на годишен раст на депозитите на домаќинствата изнесува 8,7 проценти, пред сè како резултат на порастот кај депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при позитивен придонес и на долгорочните депозити.

Кредитите на корпоративниот сектор, во март 2019 година, забележаа зголемување на месечна основа од еден отсто. Поголемо учество кон месечниот раст имаат кредитите одобрени во странска валута, додека годишниот раст во најголем дел се должи на кредитите одобрени во денари.

Во март 2019 година, вкупните кредити на домаќинствата остварија месечно зголемување, исто така, од еден процент. Анализирано по валута, нагорните месечни и годишни промени во најголем дел произлегуваат од денарските кредити.

Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, овој месец,најзастапената категорија биле потрошувачките кредити, кои бележат месечен раст од 1,2 проценти и годишен раст од 10,9 проценти. Станбените кредити исто така се зголемени за 1,2 проценти на месечна основа, додека годишната стапка на раст кај оваа компонента e непроменета во однос на претходниот месец и изнесува 13,6 проценти. По негативните стапки во претходниот месец, во март, автомобилските кредити забележале месечно и годишно зголемување од 2,3 проценти и 0,4 проценти, соодветно.

НБРМ

Народна банка: Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври

Објавено

на

Трендот на месечно и годишно намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври 2020 година. Имено, според податоците на Народната банка каматната стапка на вкупните кредити изнесува 4,68% и бележи месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,37 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од 0,98% од претходниот месец, додека на годишна основа забележа пад од 0,30 процентни поени. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика ќе остане релаксирана за да го поддржи економското закрепнување

Објавено

на

Препораката за монетарната политика во глобални рамки е да остане релаксирана за да го поддржи економското закрепнување сѐ додека трае фазата на неизвесност, но и фазата во која пандемијата ќе биде ставена под контрола. И ние како централна банка ќе се водиме од ваквата препоракаама водејќи сметка и за специфичноста на нашата монетарна стратегија и одржувајќи го девизниот курс како номинално сидро. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Состанок со новиот извршен директор во ММФ, Хилберс: Професионализмот и високите стандарди во работењето на централната банка се клучни за ММФ

Објавено

на

„Претставувајќи ја Конституенцата на којашто припаѓа Северна Македонија ќе се залагам ММФ и натаму да дава силна поддршка за вашата земја, во спроведувањето на реформите и во активностите за надминување на актуелната криза којашто е глобален предизвик.“ – истакна новиот извршен директор во ММФ, Пол Хилберс –  член на Извршниот одбор на ММФ и задолжен за нашата земја, на првиот состанок со раководството на Народната банка, по започнување на неговиот мандат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно