Connect with us

Форекс

Кралска монета за Queen

Објавено

на

Британската кралска ковачница Royal Mint издаде монета во чест на покојниот Фреди Меркјури и останатите членови на рок-групата „Queen“.

„Queen“ стана првиот бенд на кој му е дадено вакво признание, а ќе биде првата монета од серијата монети за колекционерски цели што ќе ги објави Royal Mint.

Монетата е креирана од дизајнерот на Royal Mint, Крис Фејси, голем фан и поддржувач на групата „Queen“ и пред се на нивниот фронмен Фреди Меркјури.

„Моето прво запознавање со групата „Queen“ беше со слушање на големиот хит „Боемска рапсодија“ во филмот „Wayne’s World” и јас оттогаш сум нивни голем обожавател“, рече Крис Фејси за ITV. Монетата прикажува детали за музичките инструменти на групата, со клучеви од пијаното на Меркјури, поставени за да ги свири првите ноти на песната „Боемска рапсодија“.

„Ова е огромен „Кој би се надевал на ова” момент за нас. Имаме монета од пет фунти изработена од Кралската ковачница“, напиша гитаристот Брајан Меј на својата официјална фан страна.

„Ова е неверојатно, целата оваа врева околу нашиот бенд“, додаде тапанарот Роџер Тејлор. „Се чувствувам целосно исполнето и презадоволно“, додаде тој.

На едната страна од монетата е претставена кралицата Елизабета, а на другата групата „Queen”, односно прикажани се детали од сите музички инструменти на групата.

Монетата е достапна во Royal Mint кралската ковачница во златна и сребрена варијанта како и во многу поприфатлива брилијантна нециркулирана варијанта.

Цените за лимитираните монети се движат од 13 фунти за брилијантната нециркулирана монета од 5 фунти до 2.020 фунти за монетата од злато со деноминација во износ од 100 фунти.

 

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка посветува посебно внимание во посредувањето при купопродажба на хартии од вредност на Македонската берза. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје на своите клиенти им овозможува користење на брокерски услуги, односно пристап до хартиите од вредност на 108 домашни котирани компании, со вкупна пазарна капитализација над 2 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

НЕДЕЛА НА ХВ: Ви ја претставуваме Дирекцијата за услуги со хартии од вредност на Еуростандард банка

Објавено

на

Еуростандард банка е една од банките во нашата земја која посредува при купување и продавање на хартии од вредност на македонската берза. Тргувањето со хартии од вредност се одвива секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно